помислува (гл.) - дека (сврз.)

Во мигови на кристална самотија во срцето на балканската ноќ, кога лесно слегуваше дури до потсвеста, си помислуваше дека состојбата во која се најде неговото семејство е можеби реванш на судбината.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Грегор, не одговори, се заврте уште еднаш кон сликата на Камил Пизаро, помислувајќи дека сѐ уште не успеал да ја надмине разделбата со својата ќерка Ева.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Си земам авторска слобода да кажам оти сѐ уште помислувам дека ме замениле во болница, блазе си им...
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Повторно помислува дека историјата е само еден бескраен след на жртви, меѓу кои по необјаснивата волја на Севишниот се вбројува и оној што, еве сега, се жртвува со експлозивна направа, и оние невини луѓе во автобусот во кој ја активираше, како и самиот тој, невиниот рабин Елеазар бен Цви, кој ете ни на крајот, сега додека умира, со последниот атом на свеста не може да го сфати цинизмот на историјата, ненадејноста на збиднувањето и непредвидливоста на искуството, зашто целиот живот невино верува дека не е нужно да се помине низ искуството, да се проверат нештата за да се прифатат од друг дадените заклучоци.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Толку многу има канали што човек помислува дека водата е испресечена со парчиња земја.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Во себеси помислував дека нема оваа височина да биде полоша од онаа кај Јихлава, каде што се движевме низ тунел од снег.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Во овие моменти погледнував на брзинометарот, малку подзапирав и помислував дека оние што ме преминуваат возат над 200 км на час...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Има кај нас некои обичаи што сами по себе не се лоши, ниту некој помислува дека не чинат, а сепак од нив може понекогаш да произлезе незгода.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Како што се гледа, овој тон и на Банета добро му дојде, зашто тој сигурно си помислуваше дека ќе биде непријатно да се откачува поинаку од мене, ако ми текне да правам сцена.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Не помислувај дека јас, како и Бузо, со молчење ве одминав заради тоа што се плашам од него или пак го сметам за неразделен другар.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Соопштуваше возбудено и панично, па и колку и да си спокоен и студен како мраз, сепак гласот негов те каса морничаво во душата, па помислуваш дека нешто најстрашно се случува: бесење, колење, стрелање.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Во мојот занес ниту не помислував дека такво нешто може и мене да ми се случи.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Дали страдате кога помислувате дека некои луѓе зборуваат, мислат или прават зло? А не, нималку не ми е грижа.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Стрела трчаше, ту пред нив, ту зад нив, некогаш ќе скршнеше настрана и подолго ќе ја немаше, и кога Денко веќе помислуваше дека ги напуштила и се вратила кон колибата, таа ќе истрчаше пред нив, задишана, со исплазен јазик.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Тука е и инженерот Александар, повоздржан е, таков му е карактерот, но пресреќен е што се нашол во средината и во настан за кој никогаш не помислувал дека може да се случи.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Значи, навистина е писмото, сите другите се уверуваат и си помислуваат дека Костадин сигурно знае за него отпорано штом Максим му вели Земи го и штом тој го зема без збор, а кога Костадин го зема писмото, за да остане тутурката на земјата таква, одвиткана, односно за да не ја одвее развигорот, Максим, држејќи ја, му вели на Васила Митрески Нареди ги камењата на ќошевите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Помислував дека вистинската тишина и се заслужува.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Големиот парадокс во татковиот живот кој подоцна го следеше и неговото семејство, беше во тоа што секогаш кога помислуваше дека се здобил со нова дефинитивна татковина, неа како во правило ја губеше, обземен од митот на враќањето.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Изгледа помислува дека не сум го сфатил, затоа повторува дека треба да се јавиме во канцеларијата на Денков. Тој лично нѐ чекал.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- А прилично е доцна – се обидува да го оправда своето настојување.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
За смртта всушност вчера тој дословно рече дека низ животот со неа често дружеле.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Често имам помислувано дека во нејзината куќа, во планината можеле да наминат волци; можеле и разбојници да се втурнат; но во времето на војната можел да намине само понекој херој за да си ја згрее смрзнатата снага.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„И не помислив дека такво нешто ќе сториш, реков, но сепак, мило ми е дека самиот си го избрал правото решение“.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Во поранешните денови, при едно од спроведувањата кон собата на иследникот ми беше упатена, можеби и со добра намера, опомената дека секое барање од страна на службено лице кое не звучи и како заповед, или барем како закана, треба да се сфати за неприлично.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А куќата навистина долго време беше осамена бидејки војникот на бел коњ, на кого многу нешта не му чинеа, пред време фати пат којзнае на која страна.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но покрај ова што ти го кажувам и што не може да се протолкува на повеќе начини, кажав и уште нешто за кое подоцна бев спремен да се посомневам дека ако не ги поттикнува намерите тогаш може да се сфати како подршка на неговата идеја, која за жал постоела.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Иако до овие претпоставки доаѓам неочекувано, веднаш помислувам дека тие се поттикнати од вчерашниот разговор со Даскалов, и тоа најмногу од она негово гласно размислување, кога смртта ја третираше како нешто живо и подвижно иако притоа не беа употребени токму овие зборови.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Како провокација ми прозвучи и она забелешка на иследникот, и тоа среде испитувањето, дека постоеле моменти кога будноста попуштала.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И за да ме ослободи од сомненијата најде за потребно да додаде: „Не, чичко Боге, ни не помислувајте дека веднаш ќе се затрчам да го барам татко ми.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Многу работи ќе треба да се разјаснат пред да го сторам тоа!“.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Страста кон него кај мене веќе беше сосема изгасната; не ни помислував дека би можела со тој човек, после толку години да се прегрнам, или да водам љубов.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Се разбира, тие никогаш не помислувале дека до пари ќе може да дојдат на легален начин - преку членски внос, работа или слично.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Помислував дека тоа има некаква врска со човекот што го сретнавме, но не бев сигурна.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Соочен со хаос во светот, Астерион Минотаурот го бира суредениот свет што го пронаоѓа во една човечка градба - лавиринтот на Дедал.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Всушност, понекогаш помислувам дека никогаш и не сум излегол од таа библиотека”.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Во неа Минотаур избира да остане во лавиринтот во кој е затворен: „Едно попладне“, признава тој, „излегов на улица; ако се вратив пред мрак, тоа го направив поради стравот што лицата од обичниот свет го предизвикуваа во мене“.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Неговиот расказ „Куќата на Астерион“ може да се чита, а да не се претера во толкувањето, како метафора за самиот Борхес.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Кога јадам, помислувам дека е гладен.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Да го донесеа неговото тело, ќе беше поинаку.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
А можеби, заради мојата приврзаност кон брат ми, ме мразеше мене затоа што беше немоќна да ја мрази онаа заради која нејзиниот златен Зиги се одвојуваше од нас; тој започнуваше друг живот, градеше нов свет во кој ние можевме да бидеме само попатни минувачи, во нашиот свет тој сега избираше да биде само гостин, а мојата мајка, ако ја замразеше Марта Бернајс, не можеше ништо да ѝ стори, отровот кон љубената на брат ми никогаш не би стигнал до неа и би останувал во мајка, и затоа ме избираше мене.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Понекогаш се обидував да ја разгатнам омразата на мојата мајка, јас, која бев можеби нешто како дупка во која може да се фрли сопственото црнило, и помислував дека таа во мене го мразеше мојот татко, својот стар сопруг, постар и од нејзиниот татко, можеби со омразата кон мене го гаснеше својот копнеж да има маж на своја возраст уште пред тој копнеж да се распламти, можеби ме мразеше не самата таа туку онаа нејзина дамнешна болка, родена од присилата предвреме да ги прекине своите девојчински мечтаења, и да му се повинува молчејќум на стариот сопруг, да живее во сиромаштија и во таа беда да раѓа и израснува деца.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Живеејќи во свет во кој партијата беше „Бог и батина“ никој не помислуваше дека еден дедо со исклучителна блажена фаца, со очи од кои зрачи добрина, еден облак во црвен плиш може да биде помоќен од партиските џивџани.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Сигурен сум дека дури и не помислувал дека врховниот циник, македонската историја, тоа писмо ќе ми го предаде мене в раце.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Во последните години многу често помислувал дека другите му пречат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Глигор помислуваше дека Арсо веќе не постои, А останало само некакво запуштено тело, труп што треба да се извади од ќелијата.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И чанти, ранци со спортска опрема... купишта, па кога ќе се тргне од сабајле, сите влечат и, тамам помислуваш дека празното претсобје е фатаморгана, веќе во следниот миг знаеш дека ломот што го гледаш во кујната е вистинската реалност.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Помислувам дека сите мртовци викаат и идат по мене: ми бараат вода, помош.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сега, помислувам дека и јас сум бил сведок на таа борба.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Еден господ знае кај беа отидени грнчарите.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Над нив се надвиснуваа сиви камени сводови за кои помислуваш дека во секој миг можат да попуштат и да се урнат.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Уште тогаш Винстон и не помислуваше дека луѓето кои исчезнуваа во чистките навистина ги извршиле престапите за кои беа обвинувани.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Војниче!“ викна тој по него. Едо се сврте не помислувајќи дека милиционерот го вика него.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Во текот на целото тоа попладне присетувањето на неа силно го вознемируваше, но секој следен пат истовремено помислуваше дека тој не е момчак со среќа да има таква девојка.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Не си признаа, но двајцата во себе помислуваа дека после ова премрежие, можеби уште довечер да се најдат дома.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Јас, поправо, и не помислувам дека ќе бидам овде на оваа планета толку долго, тоа е само игра и иронична идеја што ми падна на ум, за да ми мине времето.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Сега дури помислувам дека тоа мое случајно наминување кај Милошевски имало некоја цел.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Имајќи го ова предвид дури и помислувам дека не би можел да тврдам оти во таквите околности била исклучена можноста за поинакви оценки на настаните.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Сега, на оваа поголема оддалеченост од настанот, помислувам дека бев прилично пристрасен при одредувањето на степенот на нејзината вина.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Оваа пристрасност веројатно е последица на она мое воопштено размислување и оценка дека нашата врска, или поточно нашата љубов била една голема несреќна градба.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Иако во тие денови помислував дека сум имун на магиите и дека не дружам со потсвеста, сепак не ја исклучував можноста дека нешто ме има придвижувано кон постариот пријател и низ такви простори.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Знам дека сфаќате оти јас воопшто не се сомневам, дури ни не помислувам дека некој од болничкиот персонал можел да биде соучесник во исчезнувањето на Загорка Пеперутката!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Дури допуштам дека некој друг судија, помалку пристрасен од мене, можел и на друг начин да му пристапи на случајов, а посебно на вината на Мирко Бунде!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Се отвораат вратите од становите. Излегуваат жителите на големата зграда и кога го гледаат петелот, помислуваат дека тој треба да се фати.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Веројатно помислувала дека ваквото соочување со вистината ќе може да го доведе засекогаш во ред нејзиниот Генерал.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Јас дотогаш понекогаш и си помислував дека и мене може да ми се случи да морам да заминам негде џенем, се разбира ако одлучи татко ти да си замине дома, во Новодеревјановское; жената секогаш е врзана со некој невидлив конец за мажот; ние сме сенки на чекорите на мажите; иако јас и не го прифаќав којзнае колку тоа; мислам на женското почитување ; но не зборувам само за себеси; зборувам за жените; за нивните среќи и несреќи; да, дотогаш помислував оти може да се случи и тоа, да заминеме некогаш заедно кон тоа негово Новодеревјановское; но тој ден, кога на чардакот кај дед Павел ја видов сета онаа церемонија, и оние глави без шапки што се веднеа пред Истокот како пред кандило, сфатив дека на Козаците и на другите Белогардејци им нема враќање, дека тоа никогаш нема да се случи, и дека стојам помеѓу луѓе откорнати од некоја огромна далечина и којзнае како довтасани дури до овде, до чифликот на некој си Турчин кој исто така е откорнат одовде и е фрлен којзнае каде, негде во Азија ли, во Анадолија ли, и тогаш навистина повторно помислив на Војните и повторно во ушите ги слушав проклетите војнички труби без да знам кој со кого војува, кој на кого му копа гроб, кој кого го черечи.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
- Значи, кај нас кога ќе дојде? - тетка ми Олга не ни помислуваше дека би можел да поминам во радиус од 400 километри од нивното гратче, а да не поминам на гости.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Тетка ми веднаш ја прочита мојата реакција и ме одведе на горниот кат на куќата, каде што, ми објасни, ќе биде "мојата" соба.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Помислувам дека сите години одеднаш ми поминале преку глава.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Честопати помислуваш дека само ти си останата на светот. Толку многу сама.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Благодарение на годините што си ги поминал со Елен Лејбовиц сосема непозната жена што во Твојот живот влегла буквално од никаде, та и излегла од него по истиот терк, исчезнувајќи (во текот на Божиќната ноќ) во некоја конечна бартовска тишина...
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
На моменти, помислувам дека лошото функционирање во доменот на земјоделието (ситуацијата е уште повеќе влошена последниве три месеци) е на извесен начин идентично со положбата во културата.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Дали го знаете или сте слушнале за Франсоа Масперо?
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
На начинот на кој ја изнесувате оваа епизода, си велам дека вие можеби помислувате дека сте го оставиле смеењето додека бевте дете, во прегратката на вашата мајка сте морале да ја минете ноќта на другиот брег од вашето Езеро.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Сосема е јасно дека Твојот текст за Елен Лејбовиц и не можел да се опредмети, да се запише, поинаку освен како епистоларен роман: сосема старовремски и (оттука) зачуден книжевен жанр со кој, сигурна сум, не си дури ни помислувал дека ќе се плеткаш.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Никнува од самиот камен и помислуваш дека тука, случајно се ниша тоа на самиот раб помеѓу животот и смртта: сиво и безизразно, со цврста кора и безброј боцки на неа.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
На моменти помислував дека ме сака само заради тоа што личела на мене.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Можеби, берејќи ги маслинките, префаќајќи ги со прстите, помислуваа дека некоја од нив ќе дојде и до устата на нивните татковци што војуваа некаде во незнајни земји.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)