понадева (гл.) - дека (сврз.)

Максим многу се израдува на неговото враќање, се понадева дека двајцата многу побрзо и многу полесно ќе ги доведат во ред имотските работи, но Јосиф, кога му рече за тоа, како што седеа на чардакот, стана и се прошета од едниот до другиот крај.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Но, парите кои беа предвидени да бидат наменети за ублажување на нега- тивните последици од отпуштањето на толкав број работници во овој некогашен индустриски град – никогаш не стигнаа до нив!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Имено, поранешни вработени на високи позиции во „Порцеланка“, а меѓу кои имаше и членови на првичниот синдикат, заедно со политичко-партиска логистика, извршија проневера не овие средства, за што подоцна некои од нив беа и кривично гонети, па дури и осудени.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Повеќето поранешни работници искрено се понадеваа дека конечно на нивната немаштија ѝ дојде крајот кога фабриката, сега преименувана како „Вел Порц“, повторно почна со работа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Марија се понадева дека секретарката, бидејќи беше толку млада, ќе ја сфати и ќе ѝ помогне да влезе кај претседателот.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Таа се понадева дека по патот нешто повеќе ќе разбере за Марија од Наде.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Се понадевав дека можеби ако се опуштам и прво се истуширам ќе ми стане полесно, па се соблеков и кога во огромните блескави огледала си го видов стомакот испрчен врз заднината на болскавите плочки, се запрепастив.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Зеде една салфетка и почна да ги брише, а потоа истото го направи со приборот на нејзините деца.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
IX Тукушто брезничани се понадеваа дека ќе поживеат спокојно, им дојдоа нови, уште понеспокојни ноќи и денови.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)