понасмевне (гл.) - и (сврз.)

Толе се понасмевна и испушти едно: — Добро утро, браќа! Сакате ли госје? — и рипна од коњот. — Дал ти бог добро, Толе.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Од десетина дваесет чекори и Гуцето, како Митрета викна да не се плашат селаните од настанов, а веќе и Толе приближи до купот луѓе, кои инстиктивно се притиснаа еден до друг.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Крле гледа дека таа ја води водата на нејзината, ама и на неговата водеиица, та да не обиколува леводесно, таман таа заврши, тој ја бапна пред обете: — Е, море, шо ќе барам јас наки-ваки сиромашки ај дај ми а ти! — и се испули во Неда, се понасмевна и го запре здивот да го чуе одговорот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Се слушнаа стотина растреперени гласови.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Митре се понасмевна и одговори: — Шо имаше да стане, ќе си и окркаа бравите и кокошките агите, а Толе ќе гледаше од Пешча како се гошчаваат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)