понесе (гл.) - во (предл.)

Светот ќе го понесам во фенер од светулка, На крилат коњ ќе го пренесам цело време За да застанам пред себеси И да речам: Би небичас А се беше Бреме Бреме Бреме.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
Камилски го забележа главниот книжар со побелена брада како ги послужува посетителите, слика што ја понесе во свеста уште во далечната 1936 година, кога често доаѓаше во оваа книжарница.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Не како крал, туку како ангел кој ќе ја понесе во царството на сласта во бескрајот, на кого ја посвети подгорената песна.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Така сега, кога мајка му му рече дека пеперутки ќе се собираат на него, се почувствува толку лесен што му се пристори дека тие можат да го кренат и да го понесат во убавините на нивните бои.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Така, како што беше во прегратка, мама ја понесе во рацете и ја спушти на столчето до масата.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Не можеа ниту ќеркичките да ја разберат играта со оружјето.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Не знам какви спомени понесоа во животот...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Сигурно ќе ги понесе во душата и како во хербариум ќе навраќа на спомените од Езерото од минатиот живот каде што ја остави мајка си на родниот праг на куќата, на гробовите на предците, на тие извори на трајната меланхолија во егзил.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Тајните свои Мил си ги понесе в гроб, а на погребот се откри онаа другата тајна што ги мачеше луѓето кој ги краде парите од црквата...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)