порача (гл.) - да (сврз.)

И порачаа да одам в џандармерија. Рекле: болен, здрав, можел, не можел, - да дојде.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Неговите луѓе, сигурно по негово барање, порачале да одам да работам таму.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Беше тоа еден двор со две куќи во кои беше сместена и ОЗНА.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Изгледа на командантот Методија (Мече) од Прилеп му беше страв дека е женско на стража па го испратил неговиот шифрант да ме викне. Јас му порачав да не се грижи.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Агна ја нашла малата фотографија во еден од старите албуми и решила, за да ме израдува, од неа да порача да се ископира голем формат.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Го побарав и Кочо Рацин. Цинично ми рече дека е исклучен од Партијата и ми порача да си ебам мајката.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Тогаш за првпат ѝ било спомнато на Трајчеица, и тоа в очи, дека треба да се спушти на земјата; дека не смее да мисли дека сѐ што лета се јаде; дека мажот не е секогаш само маж; дека покрај тоа што е маж сака да биде и љубовник, и додворувач; дека на жената ѝ е порачано да биде убава; да биде посакувана;
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Сигурно некој му пишал, или му кажал дека е болна и му порачал да си дојде.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)