порача (гл.) - дека (сврз.)

И не ли оној врховник на мајките (коишто „за среќа не се ниту Србинки ниту Еврејки”) на еден мировен (!) митинг им порача дека до последниот нивен син ќе се бори за „секоја педа хрватска земја”.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Тоа се тие патријархални „компетенции” што ни порачуваат дека нив не ги интересира историскиот живот на народот кој се развива правно, економски, културно, кибернетички, кој ја рационализира својата природа и во една цивилна општествена форма ги испитува одредува причините и последиците на своето историско постоење.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Кога тврдев дека Обама ќе го победи Меккејн, пак крикна баџо и порача дека нема шанси.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Не претпоставува, кутриот, дека прекинува интересен дијалог?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ми порачува дека поради мене стои на преслапот!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Роднините им порачуваат дека сè ќе биде добро. Сите добро ќе напредуваат.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
С. патем ѝ порача дека треба да внимава бидејќи овој пат ги остава на нејзина грижа двајцата пијатели.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Откако го врати празното шише на масата ми порача дека утрешниот ден ќе го почнеме со бурек.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Мене ми рече дека филмот е добар, а на читателите им порачува дека е од оние најлошите.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
И не пропушти да им порача дека „Јунајтид стејтс” мисли на нив.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Признај, зарем не ми порача дека љубовта е прекрасен оглав кој колку и да нѐ стега со задоволство дозволуваме да нѐ води?
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)