посака (гл.) - да (сврз.)

Кога веќе ја изгубила силата, посакала да ја однесат во Рајчани.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Би можеле со своето жалење да ме подмамат кон приврзување што значи дека би посакал да се вратам во својата мрша, што фала богу е невозможно.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Доаѓаа На полноќ Чиниш По договор: Стравот на еден Осамен човек И стравот На еден Осамен Збор. Корен Некаде во мене Шири и расне Длабок еден корен Огнозборен. Овошник Дрочен а мал Овошник Во кој сум се Пресоздал вода си „Вода си, Рече ноќта, Можеш Низ мене Да течеш“ „Веда си, Рече громот, Усти низ мене Сѐ што посакаш Да речеш“ ***
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)
Само да посакаш да видиш самовила, коњче или еленче - и ќе видиш.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Може и тој оддалеку гледал некое девојче - како Соња.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Посакав да го прашам, ама не бев сигурен дали ќе ми ја рече вистината: И не го прашав.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Можеби се потсетил на она време кога бил на моја возраст.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
кога се враќав од кјото во токио баш под гордата бела чалма на фуџи одгатнав зошто возот шинкансен нозоми се лепи на магнет и не прави тик-така тики-така како што прават нашите возови удирајќи по шините, тоа мора да е затоа што на дечињата им треба тишина за кога ќе ги виткаат книжните жерави да ја слушнат поубаво песната на славеите од крошните на вечно расцутените цреши и за да можат во тишината во себе да си посакаат да пораснат што повеќе да пораснат ако не бива баш колку фуџи тогаш барем колку долгоногите жерави (ова со долгоногоста, разбирливо, особено им беше важно на девојчињата) тогаш сосе дечињата кои виткаа книжни жерави одгатнав и дека тишината е скришно место на раат да си позбориш сам со себе - ја да се помолиш за троа среќа и праведност, да се помолиш и за мир во овие времиња на секакви предизвици, ја да се заколниш на верност, чистота и побожност, ја да посакаш убавина и љубов, убавина и љубов, љубов, ја да истуриш некоја клетва за ѓоа новиот економски поредок што носи само нови поскапувања на хартијата од која се прават жерави, а може и некоја задоцнета клетва за наставничката по хемија која се насладуваше кога ни ги теглеше ушите и чијшто поглед жежеше како солна киселина. кога се враќав од кјото во токио цело време возот шинкансен нозоми ни го надлетуваа книжни жерави - ем не вардеа од многу замор, ем ни даруваа долговечност, долговечност тадури и бесмртност оригами, оригами на сите страни некои жерави пролетале, некои се струполиле а тебе ако ти чини, прави се дека не знаеш колку заблуди на овој свет и век се стокмени од хартија.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Еве, сѐ повеќе луѓе се интересирале за неговото сликање, а тој не отвора изложби секој ден; доаѓаат луѓе и од странство, бизнисмени, мецени, имбецили, можеби некој ќе се заинтересира и за него, ќе посака да му наѕре во ателјето што слика, може нешто и да купи, тие се парајлии, што е за нив некоја илјада долари или марки?
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
И сега Бојан посака да се истркала во сеното, но премногу работи му претстоеја, па само го опфати со поглед тоа зелено, миризливо богатство и се упати кон аголот каде што беа јаболката.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
И сѐ живее толку долго Само реката знае, само реката знае. А кога ќе посакаш да си заминеш кон полето ќе носиш на глуждовите белезици од пена.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Можеби со упорноста на зборовите Помеѓу коровот ќе издлаби патека По која ќе посакаш да поминеш и Ти.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
-Зарем измислувам? - ме прашува а зад прашањето се чувствува и тихата мелодија на неговата воздржана насмевка.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„А јас не сум шугава“, и викнала мајка ми. „Фрлаш жарчиња а од пламенот бегаш!“
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Зборував за една бура. А бурите се такви нешта што брзо поминуваат.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Зборуваш, зборуваш, а друг ни беше зборот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Едноставно посакала да има син без да навлегува во последиците што може да ги предизвика постигнувањето на оваа цел.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- А како си го замислуваш тој друг збор.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Посака да ѝ кренеш паметник на твојата љубовна авантура со онаа Стојна ли, Стојка ли? - за момент ми се причини дека се обидува да ме исмее Даскалов.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
(Стануваше збор за една жена од Моенци која препознала во насмевката на мајка ми, во одот нејзин, и не се сеќавам ушто во што, вистинска слика и прилика на исчезнатиот братучед: „Ти негова ќерка треба да си, ништо помалку“, така ѝ рекла на мајка ми, и веднаш, како подисплашена, посакала да се оддалечи.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Стори добро и ќе посакаш да сториш нова добрина; стори зло и нови зла душата ќе ти посака.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Замисли како би ти било тешко таа, новата жена да ти рече да ја извадиш сликата на мама, како нешто непотребно, нешто што пречи, или да посака да ја уништиш таа слика, а и јас тоа да го слушнам, да го знам...
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Кога ќе посакав да им соопштам нешто на моите во Долината, ја биев камбаната од црквата.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Кога ќе посакав да им запеам приспивна на внуците, ги чукав клепалата, вртејќи се на сите страни од светот.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Таа година посакав да научам да сликам. Долго време си бевме туѓи со Зигмунд, и со таа моја желба одново започна нашата блискост.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Клара и јас бевме дел од оние на кои им беше дозволено во групи, во придружба со болничари, да излегуваат од кругот на болницата и да прошетаат по градот, но сепак ни таа ни јас никогаш не посакавме да излеземе од Гнездо, останувавме со оние на кои им беше забрането да излегуваат надвор од психијатриската клиника.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Вечеравме кога кажав дека сакам да научам да сликам, и тогаш мама се изнасмеа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Имаше луѓе кои го молеа доктор Гете да ги пушти, барем на неколку минути, да излезат од Гнездо, ги склопуваа рацете и паѓаа на колена пред него, но тој не попушташе, сеедно што некои од оние кои го молеа беа мирољубиви, и никакво зло не би направиле надвор од болницата, ниту пак би побегнале.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ако религиозните и националните пропаганди не посакаат да го воведат нашиот јазик во своите училишта, се разбира дека само таму каде што живеат Словени, и ако им забрануваат на своите учители и попови да другаруваат со македонската интелигенција и општество од другите пропаганди, тогаш македонската интелигенција и народот, без разлика на пропагандите, треба да изнајдат пат со којшто ќе може да се казни таа пропаганда.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
НЕДА: Но таа ќе дојде. Може да посака да влезе. Вие треба да ми кажете...
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Ниту можеше, ниту посака да се вклучи во муабетот на сваќата.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Му допушташе на пламенчето да се распалува до една висина до која тој ќе посакаше да го распали.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Да посакаш да бидеш болен и на рецепт да ти ги препишат.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Ако е животот казан, во кој по грешка ќе посакаш да направиш нешто ново, да измешаш нешто неиспробано, едното ќе се свари побрзо, другото ќе остане жилаво.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Ламбата што треба да го осветлува патот ноќе низ долгиот ходник до тоалетот ако посакаш да појдеш повеќе од нужда отколку од желба, огледалата во бањите и една вазна ги собиравме со лопатка и метла за пајажина.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Така што најпосле Акакиј Акакиевич еднаш во животот посака да покаже цврстина и одлучно рече дека неопходно му е лично да го види началникот, дека тие не смеат да не го пуштат, дека тој доаѓа од установа по државна работа и дека ако тој се пожали на нив, тогаш ќе видат тие.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Посакав да уживам во музиката, во храната, во виното, во оној што го сакам.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Посакав да играм до самонакажување - сега немаше ништо да го попречи нејзиното излевање.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Илузиите почнуваат кога владетелот ќе се најде на највисоката точка и ќе посака да го успори падот, односно да заврши во небото на илузиите, губејќи чувство за историјата на земјата која ја создавал.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Но, за речиси сите владетели може да важи метафоричната претстава за извишувањето на кривата на владеењето до кулминативната точка и потем за неприфаќањето на неизбежниот пад!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Што е уште поважно, не сум ни посакал да имам.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Срцето му потскокна. Го правела тоа десетици пати тој посака да биде стотици, илјадници пати.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Посака да шета по улиците со неа, токму како што шетаат сега, но отворено и без страв да разговараат за обични работи и да купуваат дребулии за домаќинството.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Авторот, по пауза, додаде: „Случајно дојдов во Струмица и кога разбрав дека Еда го простил господ посакав да му го посетам домот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Посакав да се соземам и сѐ уште посакувам и сѐ уште страхувам од мигот кога станав свидетел и повеќе од тоа, кога низ мене се прекрши склопот на тројството, простата пирамида : не, не е случајно, ни недејствено ништо кое е совршено!“
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
ЗАМИНУВАЊЕ ОД ГРАДИНАТА Посакав да ја затворам градината да ја заклучам со катанецот на сонот со лостот на споменот со синџирот на љубовта.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Мислам дека ќе бидете збунети а можеби и ќе посакате да ја напуштите намерата да продолжите со потрагата заради онаа небулозна а и загадочна порака Влез во безизлезот што стои на спомнатата врата.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Така е тоа кога ќе ти појде од рака да се дофатиш до ороводецот, посакав да речам! А нејзе тоа ѝ тргна од рака. Ти изостануваш!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Еднаш рече: „Кога би ви се јавил, би посакал да сум со вас. Не би бил среќен.“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Рецептите најмалку помагаат, почитуван, посакав да му довикнам на Стариот писател додека го заобиколував Самоников и главата на тигарот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Тогаш добро, - вели баба му и замолчува, а кога Зоки посакува да јаде, чинијата со јадењето таа му ја става на столот и си оди.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Но само тогаш кога ќе знае да ја гледа така за таа да посака да биде волшебна.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Ѝ се посакало да биде курва, па нека биде: нејзина волја - нејзина судбина.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Татко ти никогаш не умееше да го оддели она што е вистинито од она што можеби го сонил или пак само му се посакало да го види.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Нели на Босилка ѝ помогнал да ѝ се допадне она што во еден момент на неразумност посакала да ѝ се случи.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Едноставно, тоа е еден инхерентен факт за грамофоните, дека тие не можат да направат сѐ што ние би посакале да можат.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Но ако има дефект некаде, тој сигурно не е во НИВ туку во нашите очекувања за нивните можности.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Тоа августовско утро во Прага чистачите на улиците среќни и весели си посакаа нешто убаво за себе и за своите најмили: едни посакаа да има повеќе пари за пиво, други посакаа пивото да биде студено, трети посакаа децата да им летуваат на Јадран.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Да се поместиш од кртичникот кога џуџињата ќе посакаат да бидат големи.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Влатко посака да остане на плоштадот и да го следи настапот на музичките групи: најавени беа познати имиња, а на полноќ голем огномет.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Писателката миговно се стаписа, посака да е меѓу децата, и таа да поздравува, тоа е полесно, а на нејзиното место да е некоја друга личност.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Случајно, ако му текне на народниот непријател да посака да влезе внатре, демек, на неа да се набоди.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Само по десетина секунди јас посакав да ги извадам зрнцата од ушите. Сакав, ама не можев!
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
На состанокот им реков дека Цвета не треба да дознае, зошто ако слушнеше и таа веднаш ќе посакаше да ни се придружи.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Тоа ме свести и во истиот момент посакав да се вратам во куќата каде што си бев сместена. Тоа и го сторив.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Еднаш, се сеќавам, кога имавме нешто пари во нас посака да седнеме на јадење во едно локално кафеанче. Седнавме и нарачавме.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Истрча во градината, се скри меѓу рибизлите и почна да размислува: млекото на неговото братче се згорче кога тој се налути дека не му го дадоа нему да го испие; забот на дедо му испадна кога за нешто му се караше, а Димче гледаше токму во тој заб и посака да му испадне; јазикот на мајка му се заврза кога тој утрово си помисли: „Да ти се заврзе јазикот!“ бабата си го поткаса јазикот кога му се караше...
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Беше пролетно утро кога стариот даб посака да се развесели.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)