поседува (гл.) - во (предл.)

Единствен услов е тие да бидат потребни во било која смисла, но и да поседуваат одредена „туѓинскост”, која ја поседуваат во онаа мера во која одговараат на вистинските проблеми.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Махмуд Дарвиш сакаше целосно да се врати на поезијата, на нејзините естетски императиви, на строгите барања на поетиката, но тој не можеше да се оддалечи од волшебната уметност на зборот која ја поседуваше во сублимна моќ.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Упорно се задлабочуваше во текстот, прашувајќи се себеси каде греши, што е она што таа не можеше да го види, да го спознае, а сите други (компетентни и некомпетентни по тоа прашање) го согледуваат и му оддаваат огромно признание; што е она толку посебно, толку необично заводливо што тој го поседува во себе, во својот стил, во својата реторика и техника, во својата методика на пишување, што на другите им недостига.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
На својата убава џамија, според едно вакафнаме и според записите на другите задужбини што ги изградил во Скопје, Јахја-паша ѝ го завештал сиот недвижен имот што го поседувал во Румелија, особено во Скопје и во Софија.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Ленче К., заменик-главен уредник на ТАА Мојот (обид за ) одговор: Драга г-це, Писателската фантазија не е баш толку безгранична, што најдобро ги знаат оние што пишуваат – да ја парафразирам, во таа смисла, многуцитираната мисла на големиот Фјодор Михајлович за вишокот фантазија што животот секогаш го поседува во однос на литературата.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Томаица беше задоволна од овој избор, бидејќи поседуваше во себе голем сензибилитет и креативна енергија.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
- Ова е како кај Џек. Само што наместо кадилак, возиме велосипеди.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Но поетот го преколна казната што побргу да се изврши, зошто бил убеден дека со повторното раѓање, уште посилно ќе ја поседува во себе неуништивата љубов.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)