послужи (гл.) - за (предл.)

По еден облак од секој тип - цирус, кумулус, кумулонимбус и другите - ќе има доволно за сите; исто така, по еден пример од секој вид време - убаво, дождливо, топло, студено, влажно, суво, мирно, ветровито (и нивните разни комбинации - убаво-топло-суво-мирно, убаво-топло-влажно-мирно, итн.) ќе послужи за сите поединечни денови (и ноќи) на тоа време, и покрај тоа што едно магливо благо мирно рано утро е задоволство кое секако може да се разликува од истите услови напладне или приквечер.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Запреа и кај фреската на ангелот за која игуменот им раскажа како зографот Трпо, пред да почне да го црта, долго време барал по околината модел што ќе му послужи за ангел.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Тој беше свесен дека изборот на (безопасните) балкански ориентализми што го правеше со Климент Камилски, ќе можеше, покрај другото, да послужи за показ на балканските ориенталисти и балканолози да трагаат по тоталитетот на балканскиот историски процес што нему тешко му успеваше во неговата незавршена Историја на Балканот низ падовите на империите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Јас останав утешен и задоволен. Првпат тогаш узнав дека и поезијата, штом веќе човек нема посилно оружје, може да послужи за пробивање во животот.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Бараше со очите наоколу, да пронајде нешто што би можело да му послужи за играчка, па кога не можеше да најде ништо, легна врз откосената трева и ги стави рацете под главата.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)