посомнева (гл.) - во (предл.)

Ако некој се посомнева во ова моја одредница, тогаш нека повели нека ги регистрира репертоарите на театрите, нека ги регистрира екипите кои го чинат сегашниот театарски израз, нека се потруди да слушне на кој јазик се обраќаат на домашната публика, со каков сценски конфликт сакаат да го заслужат нивното внимание, нека се потруди да забележи дека нашите театарџии се прават како да се паднати од Марс.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Ставре, соселанецот на Лефтера, се посомнева во политичкиот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
А кој од обичните партиски членови, нискиот, средниот, па и до највисокиот партиски кадар имаше храброст да се посомнева во авторитетот на Сталин?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- А што ако се посомнева во нас? – брзо го прекинува таа – ако нè открие?
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Сосема мирно ѝ вели: - Само да не се посомнева во својот копнеж. ***
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Но кога мажот ѝ Шандор ги виде тие касаници на неа се посомнева во Богдана со кого таа слободно се однесуваше на скелето и го истера. Неа ја претепа.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Денес никој не може да се посомнева во позитивниот исход на нашата атеистичка револуција.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Го фати за кожата од која вратот и му го фрли пред врата на комшијата; му му го фрли ака на комшијата да не може да се посомнева во комшијата кому верата не му дава да има куче.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Приказната беше за витамините и стравот неговите деца да не се разболат и потоа сите да помислат дека тој не се грижи соодветно за нив и, о ужас, да се посомневаат во неговата професија.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Бев задоволен што, конечно, се ослободив од нив, и што не ќе им дадам возможност на цариниците да се посомневаат во мене и во мојата граѓанска и патриотска чесност.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Се разбира, најнадлежна да се посомнева во таква евентуалност била полицијата.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Се сеќавам, еднаш, тоа одвратно огледало се запна да ми докаже дека ушите ми се клапушести, еднаш пак дека морам веднаш да искубам половина од влакненцата од веѓите, зошто такви какви што ми се ме прават да личам на був, а пак едно утро, ох, ужас!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Понекогаш се случува да се посомневам во неговата искреност и да помислам, разгледувајќи си ги нозете, дека и не ми се баш толку никакви туку, напротив, дека одлично ми стојат куси фустанчиња и костими за капење, но тамам во тоа ќе се уверам, ете ти го огледалото, сѐ ќе стори да ме разубеди.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ленче, знаејќи дека Томето многу пее, не се посомнева во ништо, напротив, одамна се чудеше зошто тоа музикално дете кое така страстно ја љуби музиката не го направи тоа многу порано, како сестра ѝ Христина.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Зар требаше да се посомневам во твоето чудесно откритие?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Луѓето се учат од животот, а децата најмногу.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Згора на сѐ, бев предупреден за опасноста што би можела да произлезе доколку му дадеме повод да се посомнева во нашите намери.“
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)