посредува (гл.) - помеѓу (предл.)

Важноста на јавниот простор во демократските општества Овој процес на дегенерација на јавниот простор, од сфера на политичка интеракција и комуникација на слободни поединци во денешниот свет на масовна културна потрошувачка и администрација од страна на корпорациите, внимателно го проследува Јирген Хабермас во своето прво клучно дело, „Структурна трансформација на јавната сфера“.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Анализирајќи го појавувањето на „буржоаската јавна сфера“, како сфера на слободно и рационално истражување, размислување и дискусија што посредува помеѓу државата и приватната сфера, Хабермас успешно ја разоткрива внатрешната контрадикција на буржоаската јавна сфера и економските и општествените фактори кои доведуваат до нејзина трансформација и дегенерација, истовремено нагласувајќи го нејзиниот еманципаторски потенцијал како инструмент на демократско-социјалистичко преструктуирање на доцното капиталистичко општество.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)