постави (гл.) - прашање (имн.)

Исто така, сметаме дека конечно се созреани условите, сосем легитимно, да се постави прашањето за потребата од преиспитување на уставниот концепт на траен мандат на судиите, со сите негови позитивни и негативни аспекти – којшто кај нас се покажа како комплетно промашување, бидејќи наместо да стимулира независност и објективност на судиите, тој се извитопери во концепт кој поттикнува пасивност и незаинтересираност на судската фела за реалните проблеми на луѓето.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Впрочем, постојат и случаи кадешто и неколкукратно е надминат овој шестмесечен временски период кога судијата мора да донесе 1.  За овој лоциран проблем види го и списанието Direktna akcija – propagandni bilten Sindikalne konfederacije „ASI“; epoha II, #4; Beograd, 2009; str. 32-33; како и книгата на Франк Хантке: Синдикатите во XXI век – Прирачник за дискусија за синдикатите во земјите во транзиција (со предговор на Џон Монкс); Фондација „Фридрих Еберт“ – Канцеларија Скопје; Скопје, 2010. 302 пресуда, без притоа тоа да повлече било какви негативни репер- кусии по професионалната кариера на конкретниот судија.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Оттаму Вујовиќ си го поставува прашањето: зошто вработени во ССМ, кога се наоѓаат пред судски спор против него, немаат право на услугите што ги нуди правната служба на истиот, а сепак своите должности во однос на членарината редовно си ги подмируваат?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Максималното пропишано полугодишно траење на овој тип постапки, наместо да биде правило, тоа е само редок исклучок.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Генерално, како Синдикатот така и правната служба во истиот, се финансира од членарина што вработените во ССМ редовно ја плаќаат – како и сите останати работници во останатите сектори.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во некои проекти тој го поставува прашањето за загрозеноста на другите - пука врз патнички авион, а во еден телевизиски настап во живо на водителот му става нож под грло.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Како и кај браќата Чепмен аналниот секс се покажува како крајна инстанца на нагонот, најзабранета можност, врзана за десадовски и батајевски фантазии.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Овој вид теории кон крајот на 20 век имаат сè поголем број приврзеници.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
При посматрањето на оваа слика се поставува прашањето: како таа би изгледала без порнографските контури?
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Но се поставува прашањето дали и тие се на вистинскиот пат кон конечното решение, бидејќи во најголем број случаи овие теории како да го губат од вид особениот карактер на менталните состојби.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Во делото на Бардон одговорноста за неговото тело е префрлена на публиката.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Кога службеникот го постави прашањето, мислам дека татко ми не го ни слушна.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Тука се поставува прашањето, што се случува со таканаречените материј­ални, значи по традиционалните мерила пониски сетила, мирисот, вкусот и допи­рот, пред сè со последново сетило, допирот, кој што по општите претстави е прилично анимално, валкано, вулгарно сетило.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Лесно можеме да сфатиме дека во западните уметности на слухот и видот им одговара комплексен, развиен, на ниво на „теорија на сетилното” воздигнат предмет, а тоа се музиката и ликовната уметност.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Се поставува прашањето дали навистина може да постои употреба на јазикот која не е раководена од правила.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Виртуелната игра комбинира направа што ја следи главата, ракавици и компјутерска анимација за да го создаде „ефектот” на нашите сетила за „ентитетите” што се движат околу нас но кои „не се всушност реални”.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Проблемот тука е сугериран од фактот дека Витгенштајн инсистира врз нормативниот карактер на јазикот, и на барањето дека правилата кои генерално управуваат со јазикот треба да бидат засновани врз согласувања во судовите и практиките (PI, I 99, 107, 240, 242; RFM, VI, 39); освен тоа, на други места вели дека употребата на изразите не е секаде ограничена од правилата (спореди, на пример, PI, I, 79-80).
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Но што ја прави ВР дистинктивна? „што е тоа толку посебно“ - би можел да постави прашање нашиот прашувач - „кај овие компјутерски анимирани монструми?
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Со цел Витгенштајн да се предизвика во овој случај, доволно е да се постави прашањето: бидејќи се бара на објаснувањето да му дојде крајот, зошто да му се стави крај во мистеријата на тоа како почетникот успева да постапува на начин кој фактички се согласува со практиките на заедницата, попрво одошто тоа да се стори со помош на достапниот и добро познат комплекс од психолошки концепти кои пружаат толку моќна мрежа на дескрипција и предвидување?
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Никој од нив отворено не го поставува прашањето за недостапните книги, ниту на било кој начин јавно го артикулира проблемот.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Но кога ги погледнав колегите у моето опкружување од парламентот си поставив прашање дали е ова масло на Бог или па Ѓаолот ме донел тука.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Се поставува прашањето која е причината што доведе интернетот да дојде во топ 5 на листата на зависности?
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Во таа смисла мисијата Bethesda на 4 ноември до Force 399 го поставува прашањето “дали сојузничките единици во Грција и Албанија ќе влезат во Македонија со сила“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Со пристигнувањето, македонскиот претставник го поставил прашањето за доставување на помош од страна на сојузниците.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Често се поставува прашањето, каде всушност во Европа околу 1550-та се појавува кончетизмот.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Кај овие честици, на пример кварковите, се поставува прашањето, дали се работи за делови на светот, а не можеби за симболи на калкулаторичното мислење.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Тоа едноставно се искушува себеси, се нуди себеси, обидувајќи се да се задржи себеси во точката на исцрпеноста на значењето. okno.mk | Margina #11-12 [1994] 65 Она што Дерида го кажува, со сите оградувања, е дека неговите забелешки за значењето, И особено, како што може да се претпостави, за différance, се бесмислени.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Колку што ми е познато, тој никогаш не коментирал експлицитно за ова, но постои една забелешка на крајот на интервјуто со Ронс, која се чини се однесува на ова.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Оваа концепција им дозволува не само да го прекријат со валенкис воениот авион, осмислувајќи го на тој начин, придавајќи му дополнителна димензија, туку им дозволува и да го „спуштат“ во позната и призната галерија.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Според тоа, еден текст не изразува никакво интринсично значење, туку може да се земе дека значи неограничено многу нешта.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Исходот е забележителен: голем квалитет на извршување, вистинско руско уметничко дело кое го поставува прашањето на некаков нов естетизам наспроти изјавите на авангардистите од 70-тите и 80-тите.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Не дека е апсурдно на оној начин на кој апсурдноста секогаш беше во солидарност со метафизичкото значење.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Кога Антони Барџис водел курс за пишување, еден од студентите му го поставил прашањето: „Зошто вие стоите таму и предавате пишување, а не јас?“
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Почитта што еден ваков проект ја буди и неговото значење весело преминуваат од технолошки проблем кон иделошко достоинство. okno.mk | Margina #11-12 [1994] 87
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Не се поставува прашањето дали која И да е интерпретација е коректна (иако ова не значи дека сите интерпретации се подеднакво добри).
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Се работи за оваа забелешка: Се обидувам да го испишам просторот во кој е се поставува прашањето за говорот И значењето.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Се обидувам да го поставам прашањето: што значи да се каже?
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Згора на тоа, поради неговата итерабилност, еден текст може да се чита на многу начини; т.е. да се интерпретира така што да значи различни нешта во различни контексти (со што, секако, не сака да каже дека тој може да се интерпретира за да значи што И да е).
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
А што се однесува до вториот дел од реченицата, “et moi j’avais l’habite en spirale”, се поставува прашањето зашто е “habite”, а не е “habit” или “habitation”?
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Некои автори со право поставуваат прашање зошто, меѓу останатото, дрогите не би се користеле како средство за продирање во длабочините на душата, со што би се ослободиле можностите за имитирање кои се блокирани благодарејќи на постојаните церебрални навики на нашата западна цивилизација.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Се поставува прашањето дали е потребно со еден правен акт да се уреди ова прашање.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Исто така, ако работниот однос според ЗРО може да се откаже спогодбено или по волја на работодавачот и во такви случаи работникот стекнува статус на невработено лице и се води во Агенцијата за вработување на РМ, но доколку работниот однос е откажан по волја на работникот, тој не може да го стекне статусот на невработено лице, односно не може да се пријави во Агенцијата за вработување на РМ, се поставува прашањето која била целта на законодавецот од една страна да му даде право на работникот да може да го откаже договорот за вработување по негова волја, а од друга страна остварувањето на ова право да претставува 46 Закон за изменување и дополнување на Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност, Сл. весник на РМ, 88/2010. 47 Одлука на Уставен суд, У. бр. 173/2010 од 22.IV.2011. 54 пречка тој да стекне статус на невработено лице, односно да се пријави во АВРМ и во таков случај да ги остварува правата во случај на привремена невработеност, ако исполнува одредени услови. 2.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Логично се поставува прашањето што ќе се случи доколку спроведувањето на прописите за заштита при работа кој работникот е должен да ги почитува и спроведува ќе се „судрат“ со „инструкциите“ на работодавачот, обврска која со новата законска формулација му се наметнува на работникот.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Овде целосно оправдано се поставува прашањето дали поканата за едукација е доволно ефективна казна за работодавачот, наместо директната прекршочна казна, бидејќи во пракса ова ќе значи одолговлекување на постапката за докажување на одговорност кај работодавачот и отворање на законска можност за вршење на дополнителен притисок врз работниците.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
И така, во смртта, за овие таткови сонародници, откорнати од своите, натрапници кај другите, можеше да се постави прашањето: кое било нивното вистинско место во животот?!
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
При изборот на гледиштето кое поживо ни ја реституира реалноста на фактите и нивната при­марна вредност се поставува прашањето: дали би било поупатно да се потпреме на актерот или на сведокот.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
„Не туку се прави невешт.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Додека стоевме во тремот дури одбегнуваше да праша каде лежи; во која просторија е сместена?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Навистина, и животот знае да злоупотребува!“
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А кога ќе си го поставам прашањето „од кого бил злоупотребен?" го слушам оној чист и јасен одговор: „од животот!“
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ако не беше така веројатно немаше да си го поставам прашањето: зошто Даскалов го одлага моментот на средбата со мајка ми?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И покрај своите седумдесет и шест години, Милан не беше нејасен или заборавен, и не ѝ додеваше на Рози да ѝ поставува прашања или едно исто да ѝ го кажува повеќе пати, како што обично прават старите луѓе.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Притоа мора да се избегнуваат етикетирањата, паушалностите и пребрзите синтези.  Ако да се филозофира значи да се поставуваат прашања и во врска со умот, кои пак самите не можат да бидат контролирани од умот, дали тогаш воопшто постои некоја општа филозофска метода на поставување прашања?  Она што во историјата на филозофијата се нарекуваше ирационализам, настана во исто време како и етаблирањето на принципот на умот.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
На крајот, се поставува прашањето на кое е тешко да се одговори: Ако гемиџиите признале дека Гарванов им дал парична помош, зошто тој не бил суден од Воениот суд?
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Се поставува прашањето: Зошто тој, кој бил против да се гине по секоја цена, дозволил да биде уапсен и да биде осуден на смрт?
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Се поставило прашањето за печатна пропаганда, со чија помош би требало да се придобие барем дел од општественото мислење и да се ангажираат и други кои што би сакале да прифатат таков вид борба против странскиот капитал.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Се поставило прашање чиј брод да биде потопен.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Во еден миг тој сепак се врти кон нив и налутено им вели да си одат.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Госпоѓа Цимер останува покрај куќата, и им објаснува дека тој така се лула секој ден, секогаш кога не свири на пијаното во неговата соба, или му помага на нејзиниот сопруг во столарството; а младите луѓе не ја слушаат, му се приближуваат на старецот со избезумен лик, кој продолжува да се лула, се лула додека тие му поставуваат прашања за поезијата, за метриката, и за Диотима.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Наместо да си го поставам прашањето каков е овој календар за годините што поминале, сфатив дека календарот на Коваќевиќ е оној што ги мери периодите од други причини.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
На едно место во текстот, авторот поставува прашање: „Што гледаш кога ќе го слушнеш зборот кујна“?
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Таа прво се уплашила за здравјето на дојденецот, но кога овој почнал да и поставува прашања од типот дали го познава Бихнер и дали ја читала неговата пиеса, сфатила дека на дојденецот му треба помош, ама поинаква.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Театарџиите, пред секоја претстава, си го поставуваат прашањето: Ќе има ли публика?
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Се плашам да си го поставам прашањето дали со нашите претстави, концерти, растураме една игра на сметка на друга?
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Како илустрација, нека претпоставиме дека се поставува прашањето зошто смесата од два дела водород и два дела кислород ја сочинува бистрата течност што ја нарекуваме вода.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Рада како што почна, така и го заврши разговорот не дозволувајќи ѝ на Ивона да поставува прашања.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Рада го продолжи монологот без да ѝ даде можност на Ивона да поставува прашања.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Поради тоа терапевтот мора да поседува умешност за проширување на приказните од минатото, пронаоѓање на алтернативните, скриени настани и воспоставување на услови кои би довеле до нови раскажувања (White, 1988a, 1988b, White & Epston, 1990). 46 Овој процес на проширување на нарациите, /навраќање/ создавање на нови, се одвива најдобро кога терапевтот првенствено поставува прашања, а не кажува исказни реченици.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Исто така, овие метафори се тесно поврзани со нејзината телесна состојба. 45 Иако за време на терапијата се поставуваат прашања со кои се настојува да се прошири значењето на метафорите и нарациите, терапевтот сепак работи на тоа да остане во поставените конверзациски рамки.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Терапевтот не објаснува, ниту интерпретира, ниту пак поставува задачи, туку само слуша и поставува прашања за специфичниот јазик кој Лена го нуди.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Маргина 36 159 Eda Čufer & Irwin THE EAR BEHIND THE PAINTING Приближувањето на 21-от век го поставува прашањето дали периодот во којшто ќе навлеземе ќе биде ист за сите нас.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
На пример, го поставува прашањето на уметничкиот објект (или производ) во една средина која неспоредливо се разликува од западниот контекст, во кој тој ист објект егзистира и е сфатен.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Почна да поставува прашања со тивок, безизразен глас, како тоа да е рутина, еден вид катехизам, знаејќи ги однапред одговорите на повеќето од нив.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Винстон размисли малку, потоа го привлече говорпишувачот и почна да диктира во познатиот стил на Големиот Брат: стил истовремено војнички и педантен и, поради навиката да поставува прашања и веднаш да одговара на нив „ Каква поука, другари, можеме да извлечеме од овој факт ?
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сѐ уште не го беше поставил прашањето што прво му падна на ум.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Новите медии бараат нов вокабулар кој поставува прашања што мораат да се справат со идентитетот. okno.mk | Margina #17-18 [1995] 117 Што може да биде Gelassenheit (резигнација) во овој свет на избори и можности низ којшто пловиме?
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Метафизиката скока напред, таа ја осветлува мрачната иднина, поставува прашања, таа е апсурдна со тоа што е радикална, но ја нема сериозноста на еден систем, на завршена книга што треба побожно да се следи.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Промоциската критика никогаш не ги доведува во прашање сопствените претпоставки - никогаш не го поставува прашањето зошто ја сакаме уметноста во која ќе веруваме, кое е ветувањето или „спасението“ својствено за тоа верување...
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Иницијаторот бира од дискот (disc-archive) дел од текстот, графиката и звукот и поставува прашања.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Сега, сосем оправдано, се поставува прашањето за мотивот и намерата на ваквото, на моменти и шесткратно зголемување на глобите – дали тоа беше искрената волја да се запре со перманентното повредување на работничките права, или, пак, да се наполни државниот буџет, и тоа од ставката на т.н. неданочни приходи.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
— Место одговор таа му постави прашање на татка си.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Уште во времето на Јагулче Дримски и Сретен Јаворов, кога се предвидуваше градбата на хидроцентралите на реката, се постави прашањето на изградбата на паралелните речни јагулски патеки.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
-На записничарот му реков: Сè додека се бави со редење на констатации и упатства место да поставува прашања а потоа вистинито да ги запишува одговорите, неговите записници за жал нема да ѝ служат на татковината.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
И воопшто, како да мразеше некој пред него да поставува прашања.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Кога на тоа ќе се додаде фактот дека повеќето од тие текстови се наменети за жива изведба, тогаш недвосмислено се поставува прашањето за тоа каде е можно да се повлече граница помеѓу примарно музичките и примарно вербалните форми.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
„Простете“, - го прекина ученикот кој беше го поставил прашањето, „кога велите мерење - претходно зборувавте за застарена апаратура и технологија на мерењето.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Но бидејќи често не ги разбирам научните прилози од областа на правото, ми се случува, читајќи, да си го поставам прашањето: дали новите перспективи кои се наѕираат во меѓународното право би можеле да бидат од таква природа што би му овозможиле своевремено на вашиот татко да замисли извесни подобрувања на положбата на балканските народи?
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Потоа академикот Друон, поттикнат од читањето на романот, го поставува прашањето: Зошто во еден долг период марксизмот завладува и се распространува во светот со толку силна моќ?
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
За реализирање на таа цел, британските експерти одбрале тројна стратегија: поморска блокада, постојани воздушни бомбардирања и „субверзии“ на нацистичката управа во окупираните држави.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Избегнувајќи го директниот одговор, бугарскиот министер за надворешни работи започнал да ги изнесува проблемите со кои се соочувала Бугарија „за повторно добивање на својата независност“, со што го свртел разговорот на сосема друга тема.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во таа политичка неизвесност, Донован на бугарскиот министер му го поставил прашањето "што ќе прави Бугарија".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Адамиќ сметал дека во таа ситуација "Обединетите нации би требало да бидат тие што ќе обединат и ќе изнајдат формура за акција, со што оптимизмот на Салвемини би станал реален".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Пред британските стратези, во годините по паѓањето на Франција во 1940 година и по германската инвазија на СССР во 1941 година, се поставило прашањето на кој начин Велика Британија, на која во тој период ѝ недостигале сила и војска за да се истовари на европскиот континент, ќе може да го ослаби Рајхот и како да му нанесе конечен пораз на Хитлер.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Овде Доливети го поставил прашањето дали за реализирање на идејата на Салвемини нема да претставуваат пречка, од балканска гледна точка, територијалните претензии и другите политички проблеми на Балканот или во некои соседни земји, кои би можеле да ја комплицираат ситуацијата?
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Толку искрено го постави прашањето и ме погледна право в очи што не можев да скријам. А и немав зошто.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Пред да ѝ одговорам, бев веќе сосема сигурна дека одговорот е потврден.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Верувам дека Билјана за сето што ѝ го реков, а не ѝ беше јасно, ќе го поставеше прашањето: „А зошто?“
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)