постави (гл.) - услов (имн.)

За повторно да се вратат на старото пријателство, Петре поставил услов - да му ја врати шлаканицата. Кубеш се сложил.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
На прво место, согледбите за следењето на правилата како услов го поставуваат тоа дека следењето на правилата мора да започне со тренинг во практиките на заедницата и тоа во јавен амбиент.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
На второ место, тие го поставуваат условот јавните проверки од страна на заедницата да бидат достапни на таков начин што оној што го следи правилото може да прави разлика помеѓу случаите кога го следи правилото и кога само мисли дека го следи.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)