постави (гл.) - за (предл.)

И ми се чинеше дека истото прашање го поставуваат за човекот што стоеше под бандерата сите оние од котлината на смртта од истурените шатори, оние што со наведнат поглед погледнуваа накај столбот, носејќи ги на врвот големите камења по патеката со расфрлени парчиња бодликава жица, тапкајќи по неа со боси стапала, и оние кои папсани ги трпеа ударите со кундаци и челични камшици.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
И кога се вратив, откако Југославија се смири со СССР, по падот на сталинизмот и сите ние бевме помилувани од Голи Оток, но не ми ја вратија Катедрата по педагогија при Филозофскиот факултет, чиј основач бев, туку ме поставија за Директор на Националниот институт за фолклор.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И не се запре само на тоа. Зашто болеста на Видана му беше таква, да не може да работи во полето, и покрај противењето на општинарите од Тополчани, во согласност со жителите на Потковицата, го постави за падар, да го чува нивниот синор.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Така Видан Јанчески, по мајчина пола тукашен, стана жител на Потковицата, речиси кога имаше полни дваесет и пет години. И фати брзо да пушта корени.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
На разделба Трајко му рече на Толевци: — Ете, отсега да знајте, кај ќе одите, ќе и барате нашите работници од Организацијата и тие ќе ви даваат јадење и меќан без да плаќате ни грош.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Извезен од Италија, херцог од Курландија, заради одличното готвење на макарони; подоцна, ненадејно унапреден во соодветен чин и поставен за градоначалник.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Штом македонската интелигентна емиграција се состои главно од такви лица што си ги имаат соединето своите интереси со Бугарија и се оближуваат околу бугарскиот кнез, којшто по ќеифот си ги клава и си ги симиња министрите и којшто може да постави за министри не само луѓе што имаат малку популарност сред бугарскиот народ, но и такви што воопшто немаат партија и се „независни“, т.е „и тука го клаваат и таму го клаваат”, – штом имаме луѓе што мислат оти главното достоинство на човекот е не чесно да му служи на својот народ, ами да итрува, т.е. да лаже и десно и лево, – тогаш природно е оти новото течење во развивањето на националното самосознание на Македонците нема да сретне поддршка во нашата емиграција во Бугарија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
На Толета му се отворија очите и се осети окуражен кога разбра дека и други како него мислат за она што сам си го постави за цел; а Трајко и Атанас, задоволни што ја исполнија задачата што им ја возложи Организацијата, дури и со факти ќе докажат со двесте и педесет лири, дека Толета го завртоа на нивна страна.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)