постапи (гл.) - така (прил.)

Во расправијата, зошто Максим не попуштил, велел Ако постапиме така егзархот може да нѐ изигра, некој, непретпазлив, му рекол Ти да не ја крепиш грчката страна, нешто што многу го налутило Максима па тој ги набркал гостите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Го прашав: - Дали и денес ќе постапевте така?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Дали ќе постапев и денес така? Не сум сигурен.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но со кое право да постапи така? Тој го нема тоа право.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Лифтот застана, вратата се отвори. Мартин излезе. Подоцна се прашуваше зошто постапил така.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Земајќи ги предвид насобраните сознанија за животот и за луѓето дали и денес би постапил така како што постапив тие денови? Не сум сигурен...
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Не, не станува збор за истрошеност на жарчињата на храброста.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)