постигне (гл.) - во (предл.)

За многу нешта што сум ги постигнал во животот сум им благодарен на сите мои учители, За многу благости што се сочувале во мојата душа, благодарен сум им на своите учители.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Пред неколку дена бев примен од Јасер Арафат, во резиденцијата на неговиот амбасадор во Тунис, во крајбрежниот Гамарт, недалеку од Картагина!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Зарем тогаш највисокиот уметнички ранг не се постигнува во приближувањето на изворните гестови (иако не во невозможното соединување)?
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Ни во едно европско уметничко дело - освен во ремек-делата на Вергилиј, Шекспир, Калдерон, Рембрант и Гете (Фауст II) - не се поврзани толку “класични” и “маниристички” елементи како што е тоа случај со Божествената комедија.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Тоа што тој успеа да го постигне во однос на редот беше на таков степен што предизвикуваше општо одушевување.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Тоа што векови ги мачело умните, длабоки луѓе, самосвеста, човечноста, една таква дисциплина, нашиот ѕвонар успеа да го постигне во текот на една година.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Сѐ што сум постигнал во животот е благодарение на тебе…, тато, иако јас ти се спротивставував понекогаш и велев дека не си во право, длабоко во себе знаев дека, дека ти си во право и ги следев твоите совети.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Не го криеше своето задоволство од успехот кој го постигна во Женева.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)