постои (гл.) - опасност (имн.)

Тој сметаше дека ќе беше подобро сандаците со сиџилите да се стават директно во камионите, зашто постоеше опасност тие да се оштетат.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Арслан бег и брат му Сали бездруго сето тоа ќе го протолкуваа така како што единствено може да се протолкува, дека е извршено за нивни инает, па постои опасност и двајцата да ги погубат.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тие, гоедските суви лепешки, развиваат таков оган, тивок, постојан и јак, и кој не бара стално да си врзан за него, зашто не постои опасност изненадеж да пламне или сам од себе да изгасне.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Навистина, тука немаше телекрани, но секогаш постоеше опасност од скриени микрофони со кои можеше да ти биде фатен и распознаен гласот; освен тоа, не беше лесно да се патува сам, а тоа да не падне в очи.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Не постоеше лукавство на кое тој не му беше дораснат, не постоеше опасност што тој не можеше да ја предвиди.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во меѓувреме, фактот дека не постои опасност од освојување го прави можно одречувањето на стварноста, што е специјална карактеристика на Ангсоцот и на двата други система на мислење.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
IX Пред да ги утврдат доминантните теми од огромната и сложена материја на јазиците, врз кои најмногу го сконцентрираа вниманието двајцата лингвисти автодидакти, на Климент Камилски неочекувано му се влоши видот и постоеше опасност постепено да го изгуби.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Постоеше опасност Камилски да забразди во својата бесцелна реторика, да ја заборави првичната мисла за што беше, впрочем, и посветен ручекот: да се проверат на маса најзадржаните османскотурски заемки од областа на кулинарството, односно гастрономијата, како што тој претпочиташе да рече.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко продолжи, откако Камилски голтнуваше од имам бајалди: Но, да се вратиме на ова јадење имам бајалди, толку присутно во балканските кујни.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
За среќа овој човек не го познаваше Томо и не постоеше опасност некој да дознае за трагањето.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Битката се водела за спасување уште на неколку члена од посадата што се нашле во долниот дел на бродот и постоела опасност да изгорат.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
С уште постоеше опасност приврзаниците на новите раздори на Балканот да бидат предизвикани со ново ситнење на балканските јазици.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Под душемето остана долго, многу долго, сликата на Сталин, сѐ додека Татко веруваше дека постои опасност од негово одмаздничко враќање.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)