постои (гл.) - меѓу (предл.)

Врз ова влијае не само онаа тесна историска врска, која постои меѓу јазикот и писмото, што во извесна смисла се надградува врз јазикот, туку и самата природа на писмото, која покажува многу заеднички црти со системот на јазикот.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Веќе спомнав дека големата , елементарна разлика која постои меѓу поезијата и прозата буди разбирливо сомнение.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Го погледна милозливо. Си ја покажуваа, во овие залезни години, својата љубов која секогаш постоела меѓу нив, но никогаш не била именувана.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)