постои (гл.) - уште (прил.)

Но кога ѝ кажа дека авионите постоеле уште пред тој да се роди и долго време пред Револуцијата, нејзе тоа ѝ се стори сосем неинтересно.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но по „ Ѕвоната на Стариот Бејли“, мора да постоела уште една строфа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Мишко постоја уште малку долепен до стаклото и загледан во тој правец.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Значи, не е случаен оној цитат од Калигула: „Сѐ дури постои уште една глава да се стави под нож“.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Мечки постоеја уште само во приказните, а за волци се раскажуваа многу живи сеќавања.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Постои уште една сцена слична на горната, која, како и оваа, не се регистрирани во дневните белешки.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
- Разбирам! - подигна рака за поздрав и, откако постоја уште малку, рече: - Разбирам, ама да знаете, другар командир, дека јас таму нема да бидам добар шофер...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Постојав уште малку така над трагите мои, зашеметена и тргнавме да се враќаме дома. Со Уља, со јатрва ми.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Јасно е дека постојат уште некои правила во поведението на песокот што треба да ги надополнат оние кои веќе се присутни во моделот на Лифман.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)