потече (гл.) - во (предл.)

- Уште едно ќе испијам, - рече тој и пак го стави шишето под шупурката. – Сакам петнаесет да бидат. – и Водата потече во него, стивнаа децата, та се слушаше само шуркањето на водата.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Јагненцето веднаш клекна под овцата, го набара топлото виме и кога млекото потече во неговото грло, весело почна да го вртка опавчето.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Уште ни до црквето не беа дојдени, кога дождот им прекисна преку капите и водата низ коса им потече во вратовите.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Земјата смекна, се згреа, потече во бранови и го однесе со себе и човекот.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Потем, кога се се смири, од слепоочниците на човекот потече во два млаза врела треска и го стопи мразот на здрвеноста.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Најнеразбирливо беше друго. Земјата смекна, се згреа, потече во бранови и го однесе со себе и човекот.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)