поткрене (гл.) - во (предл.)

„Силен маж”, рече пасторот Рик седнувајќи во нишалката од трска наспроти Дејв кој, за да си го пречека другарот, се беше поткренал во седечка положба.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Андон беше висок, со долги раце до коленици, со нескладна конституција, најмногу заради вродената мана левото рамо видливо да му биде поткренато во споредба со десното, при што крупното тело, со нагласена комбинација на испупчени коски и разиграни мускули, смешно му беше свиткано на десно.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Застанале еден спроти друг, Онисифор Проказник свртен со грб кон своите луѓе, другиот поткренат во седлото.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Челникот и човекот на коњ продолжиле да се движат еден кон друг како по некој поранешен договор, без брзање, бавно, секој со своја срдечност - така изгледало - да подаде рака за поздрав, не намерници на кои животните врвици им се составуваат случајно туку стари познајници и приврзаници на човечко пријателство.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се поткрена во постелата, ѕверејќи наоколу во мракот додека не ја препозна собата и конечно не свари дека веќе не сонува, дека е буден.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Бев љубопитна што ќе се случи и се поткренав во креветот подобро да видам.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)