поткрене (гл.) - малку (прил.)

Ќе се поткренеше малку мувата и пак ќе паднеше.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ја поткренав малку главата и видов од колата едноличност – невисоки ридишта во далечина што личеа на џиновски желки, жолти и голи, без сенки под себе.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Некој засипнато го викаше. Старецот ги отвори очите и ја поткрена малку главата.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Потоа тој ја грабна Ане со двете раце за лактите, ја поткрена малку, па пак ја фрли на земја.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
И потаму спрегнати со колата, Пишпирик и Барбут –бег продолжуваа да се веселат: Што ќе биде секој ден нека слушне: Мортенија среќна ќе не гушне: Ќе ни рече: во преграб ве земам, Ваков рудар јас до денес немав.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Некој засипнато го викаше. Старецот ги отвори очите и ја поткрена малку главата.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Тој ги поразмрда, се поткрена малку со помошта на Крсте и ја свитка половината нагоре, но не можеше да ја стигне ортомата да си ги одврзе нозете.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)