потпира (гл.) - глава (имн.)

Ја потпира главата на поткренатото рамо и со остар колк забуцан в неродица се стивнува. Можеби веќе спие.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Мајката стои крај постелата и ме мами да дојдам; ја послушувам и, додека еден од коњите на сет глас ’ржи кон таванот, ја потпирам главата на градите на младичот кому му минуваат морници под допирот на мојата влажна брада.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Иако сум слабо платен, сепак сум дарежлив кон сиромашните и подготвен сум да помогнам.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
11 Мотив: рана пролет: Брегот на Профим зазеленет; неколку јаболкници и праски избрзале, порано расцутеле, се преливаат во алови и бели бои; по падините на брегот излетале и првите жолти цветчиња расфрлени како распукани жолчки; белее куќата на Профим, која е скоро варосана, а покривот црвенее како тукушто пресечено месо; по брегот пасат неколку овци, кои, чиниш, не се движат, небаре стојат во излог за детски играчки; еден коњ слегува по патеката со крената опашка како да лебди во воздухот; две шареникави добичиња, крава и вол, со издолжени вратови брстаат по зеленилото спуштено ниско и се допираат, се чешкаат со колковите; по коњот оди човек (веројатно Профим) со лимена кофа в рака; на кофата е паднато сонцето и облеснува; нишајќи ја кофата, човекот како да сака да го брецне сонцето; друг некој (веројатно Скрче) се шета низ бавчата, оди од стебло на стебло и ја потпира главата на нив, како да ги гризе.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Му ја потпирам главата на плеќите и осеќам дека се распалува нешто во мене.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)