потура (гл.) - вода (имн.)

Ги заборавивме празниците спроти кој се миевме глава, со лизарчиња сапун. Кога си потуравме вода еден со друг и еден на друг. На смена.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Левтерија носи ѓум и леѓен и му потура вода да си го замие лицето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Мајка му потура вода на вратот, а татко вели, чекај, разлади ја, ќе ме попариш!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)