почека (гл.) - да (сврз.)

Циљка почека да престане смеата и продолжи: - Два дена по доаѓањето на италијанската слобода, дома си дојде дедо.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Почека да мине еден црн пајтон останат уште од османското време и појде кон нашата куќа.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Го запали огнот, почека да се разгори, па закачи на веригата котле со вода.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
И Мече не почека да биде двапати повикан. – Ела со мене, бргу! – со шепот му рече Беличот.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Како да му кажам дека го слушнав гласот на Никифор Абазовски. „Зар не можеше да почекаш да се изладам во гробот?“
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ќе почекаме да се стемни и ќе им ги пуштиме куририте што ја познаваат шумата за да ги преведат преку граница.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кај се тие возила, стопанкина му? (Во која мајчина ќе одите: знаете ли вие каде е Албанија?) Па што ќе правиме сега? (Почекајте да видиме, да се избистри...) Ај, нека се избистри, ја потпира Трајан изврзаната рака на колениците.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Но таа молчеше. Молчев и јас. Најпосле ја спуштив слушалката.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Никогаш не го повторувам она што веќе го знаеш - ја повторив мојата вообичаена забелешка и почекав да ми одговори.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Почекав да ја доврши песната и пред да засвири нова нападно го прашав: „Човеку, зарем смислата на твојата песна вреди само неколку метални парички?!“
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
„Чекај“, вели, „почекај да проверам уште еднаш пред да тропнам и да истресам некоја нова глупост“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Потоа се издишува длабоко и бавно го свртува лицето кон мене.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Се предаде. И покрај тоа, ја однесоа во павилјонот наменет за агресивни пациентки, ја смирија со млаз студена вода од цревото и ѝ вшприцаа терпентин во ногата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Мораше да почека да се излее згрутчената солза што ѝ се создаде во грлото. – Зајаче, душо моја – воздивна. Солзите ја совладаа.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
- Почекајте да се стемне, вели војводата, не сакам народот да ме види врзан.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Треба да почекаме да летне, вели, па после ќе тргнеме по неа.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)