почне (гл.) - оваа (зам.)

Едно е сигурно: ли(з)гавите раце на прав­дата досега не успеале подолго да го задржат нашиот месечев јунак, со кој почнува оваа кршлива приказна...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Постојат три главни помошници на госпо­динот Сенка; нивните имиња се: Даркер (чове­кот без лице, иако многумина се сомневаат во тоа дека Даркер воопшто е човек); потоа доаѓа господинот Пајо Ентропија (за неговото наста­ну­вање исто така кру­жат разни приказни; една од побизарните е онаа која вели дека Пајо прво е нацртан, а потоа, во специјални студија, „ожи­веан”??!); последниот (но не на крајот!) помо­шник на господинот Сенка се вика Дипигус, и за него се смета или дека е клониран (со помош на Франкенштајновиот таен рецепт како да се направи битие од кал, нокти и две капки плунка) или дека вре­мен­ски (Дипигус) потполно се загубил.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)