почне (гл.) - дете (имн.)

Во нејзиното училиште во Кошишча најнапред почнаа децата да добиваат наутро појадок.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Вода за миење немаше од каде да дојде, та почнаа децата да лижат брашно и да зобаат неварена пченица.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Даскалот во Старавина, Димо Гулушов, од три лири месецот (колку што примаше од Егзархијата како Бино во Витолишча), се поткачи на шест од патријаршијата и го мени презимето од Гулушов на Гулусис и почна децата да ги учи место: аз, буки, веде, глаголе на: алфа вита гама делта итн.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)