почне (гл.) - вака (прил.)

- Чорбаџи Карче... - од време почнаа вака да го викаат и да му се поклонуваат и оџата и попот во градот...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
А сите тие приказни почнуваат вака: “Во старо време живеел...“ или пак “Бил некој старец...“ а најчесто “Било едно дете... “
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
И почнав вака: „Го слушав удирањето на копачот, тапо, без одглас...“
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
А неговиот брат, овој шо беше богатиов, бидејќи бил многу завидлив, откако овој почнал вака, оти се збогатил така речено, му одит секоја вечер каде него и само му поставуват прашања: - Како напрај ти, шо напрај с' ова работа, откај се збогати оволку, откај ти се овие пари? - го прашуват него.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Гледајќи го одзади, неговата нова ќела толку тажно изгледаше.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Сакав да почнам вака: Јас... Јас...
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Сакам да ти раскажам, дојди, сонот почнува вака...
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Насети дека Татко под­го­твува значајна одлука штом почнува вака, одоколу.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)