почувствува (гл.) - прв (прид.)

Рена примаше дискретна помош од татко ѝ и од мајка ѝ, особено откако им се роди синот, но со текот на времето и таа се истенчи зашто и во домот на татко ѝ се почувствува првата оскудица.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
И една ноќ, кога Мајка ги почувствува првите болки што го најавуваа скорото раѓање, го повика Татко и во доверба му рече: – Дојде времето да ти откријам една тајна.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Во кафулето „Ернест Хемингвеј“ во Скопје баш кога ги почувствував првите знаци на ревматични болки на левото рамо ми се дотркала едно бранче и пред да заспие ми шепна дека веќе ништо не е како во книгите на Хемингвеј: испокинати се старите мрежи во кои се фаќаа љубовните воздишки а и рибите веќе не се по воздишките и по заводливите насмевки.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)