почувствува (гл.) - силен (прид.)

Оган, мајоре! Јани почувствува силен удар и пржење во левиот бут.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Таа истресе земја и прашина од себе и дури сега почувствува силна болка.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Олеснувањето ѝ дојде кога ја почувствува силната прегратка на Томо, проследена со тивок шепот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
За момент почувствував силен копнеж да се вратам.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
А оние луѓе почнаа да копаат, и се почувствува силен мирис на кандила и темјан, и се покажаа светите мошти.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Но, и покрај дивоста со кои таа во првиот миг го задржа на растојание, или можеби токму поради неа, тој ја почувствува силната привлечност на нејзиното тело.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Се сетив дека Пенчо пред неа ме удри во градината и се почувствував силен и жалосен.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Наеднаш почувствува силна светлина во одајчето.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Како што го голтав последното парче од крилцето, почувствував силна мала болка на палецот од ногата и сврескав, за малку да се удавам од месото.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ми беше дури и срам да прашам каде се наоѓа кафето, па буричкав наоколу дури најдов кафе, шеќер и шолји.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Одненадеж како од некаква длабочина му дојде познат глас и почувствува силен допир: „Ако сакаш можеш до мене да седнеш“, тоа беа гласот и допирот на Теми.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Некои велат дека ја испил Чашата Хераклова. почувствувал силна болка во грбот небаре копје го прободело.
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
Малата Ервехе, во Солун, го почувствува силниот здив на војната што надоаѓаше од сите страни.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)