појави (гл.) - глава (имн.)

Нападнаа агите на тврдината првиот пат со петшестотини души; се јазеа по ѕидовите, носеа скали за да се качат и префлат внатре, но од тврдината пукаа пушки и пиштоли навреме, и ги испраќаа кај големиот пророк сите оние правоверни што успеваа на некој начин да ги појават главите на ѕидиштата.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Прво се појавува главата на Павле од дупката на подот, подигнувајќи го со рака дрвениот капак.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)