појави (гл.) - лице (имн.)

Пред неговите очи почнаа да се појавуваат лицата на момците со кои ги помина годините со пушка и во униформа.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Високиот се сомнева дека си му го украл пиштолот.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Само очите да ги затворам и пред мене ќе се појават лицата на тие луѓе кои со големи, остри, пламени и жешки зборови, преполнети со нескротлива омраза кон непријателите и верба во победата, зборови кои ечеа како рофји и се растураа и растегнуваа како секавици, паѓаа врз нас како громови врз карпи и длабоко се врежуваа во нашите распалени глави, ја јакнеа и крепеа нашата вера и нашиот борбен дух.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)