појави (гл.) - со (предл.)

На десетина, дваесетина дена, пробивајќи се по обични колски патишта, пресечувајќи неразгазени долинки и ритчиња, газејќи низ грмје и папрати, шумарот ќе се појавеше со својот џип да ја надгледа гората или да маркира дрво за огрев или граѓа.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Додуша натрупаниот снег и едните и другите ги правеше приближно исти, само растреперената душа на Пелагија како да открија одвај забележлива разлика, некаков крцкот што не доаѓаше од тлото на земјата, туку негде од погоре, скоро знаеше кој ќе се појави со Танаско уште пред да се отвори вратата.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Остана така со погледот низ окопот од каде што требаше да се врати Србин и со мислата на Брезница сѐ додека најпосле Србин не се појави со бовча. Пак не се помести од местото.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
И тука настанала кавга затоа што тие истите тогаш се појавиле со електричен шпорет, а сега мојата пријателка ги „обива“ галериите низ градот барајќи соодветна уметничка слика.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Оти јас и Трендафил кај мене, а тој ден него да го побара Ташко Минчев и се разбира го упатиле кај мене. Се појавија со Мито Мазнев.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
А, вака, сите ти се смеат! Во нашиот дел на гости да не си се појавила со чаша!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Lanier, најентузијастичкиот заговорник на новиот клуч, што ќе ја отвори вратата на човековата фантазија, е веројатно првиот човек којшто на насловната страна на The Wall Street Journal, сериозно деловно списание, се појавил со реге фризура (dreadlocks).
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)