појави (гл.) - прв (прид.)

Кон 11 година детето е обземено од мистицизмот на авторитетот на религијата, потоа се појавуваат првите напливи на индивидуализам, кон 12 година детето чувствува потреба од шеф (татко, водач).
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но кога кај мене се појавија првите знаци на пубертет, се страмев и од сопствената мајка и не ѝ дозволував таа да ме бања.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Како што леталото завлегува во зоната на ноќта распослана над Атлантикот, низ прозорецот допира сѐ поскудна светлина, како некој надвор брзо да го свртува реостатот од светлосниот парк на дневната светлина, па океанот добива на таинственост и несфатлива длабочина, а на небото се појавуваат првите ѕвезди.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Тогаш се појавуваат првите промени на телото. Кај девојчињата главно порано одошто кај момчињата.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Ним почнуваат да им растат постепено цицињата, им се појавуваат првите влакна под мишките, се нафрлаат со мозолчиња по лицето и по телото и почнуваат да се интересираат за момчиња малку повеќе и на поинаков начин одошто кога биле мали девојчиња.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Над горната усна ќе ти се појават првите мустачиња, под мишките влакна, ќе забележуваш и други промени.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Кревката млада кожа, оптегната преку черепот, почна брзо да се брчка, на челото му се појавија првите оросени бразди, несвојствени за неговите триесет и пет години, предвесници на староста.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Се појавува првиот француски превод на едно Борхесово дело. 1940.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Борхес им е okno.mk | Margina #32-33 [1996] 224 венчан кум.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Адолфо Биој Касарес се жени со Силвина Окампо.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тројцата заедно ја објавуваат Антологијата на фантастичната литература. 1941.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)