појави (гл.) - некаде (прил.)

Затоа реши и тој да се прибере во нефшлело од неговиот „пашалук", но сега не како паша, ами како обичен мариовец.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Децата јадеа малку и од киселиците, а потоа заскитаа наоколу, гонејќи се и играјќи се со Белуш, кој ненадејно се појави некаде од папратот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
„Ако се појави некаде некој трн, ќе ги пратам одовде“, — си помисли тој во себе.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И погледни ги облацине. Горе нив ги дува ветрот, ги кошка де тука де таму, а тие некаде на друго место се појавуваат, натежнуваат, грмнуваат, пак ги снемува и пак се појавуваат некаде на друго место, некаде над друго поле, над други планини над други шуми...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Заедно со искрите на сино заблескотените снежинки, што го боцкаа неговиот поглед во таа пеколна зачекореност, низ лилавата изгаснатост на неговиот поглед, исто онака воздушесто и нереално, ќе се зашаркаше сега и по некоја едвај видлива издолжена црна сенка, која ќе се појавеше некаде на самиот крај од опфатот на неговиот поглед, ќе прошмугаше таму еден миг, а после ќе се повлечеше, недофатливо ни за некаков појасен поглед, ни за слухот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)