појде (гл.) - од (предл.)

Само ако ми појде од рака јас самиот да слезам до дното на сопствената самота, ќе можам да ги разберам нејзините силни пораки, тајната на нејзиното балканско истрајување.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Сѐ повеќе ги притискала смртта на оние со кои пошле од своето бедно село што се споменувало само во даночната администрација или во беговските тефтери и се мачеле дури и на спиење од сеќавањето за вчерашните восочни лица.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Со првата ноќ пак како во почетокот на патувањето се собирале околу огнови, не како некогаш - да раскажуваат доверливо што било во минатото, со што сакале да ги сокријат грижите за утрешнината, не, не, туку да се отворат загрижени еден пред друг за иднината.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Затоа, ако сакате да го запознаете Зоки Поки, првин ќе ви препорачаме да ги прочитате приказниве за него, а ако и покрај тоа сакате да го сретнете, ќе мора да појдете од она што сте го дознале за него, и да го барате. Каде ќе го најдете?
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Достасаа Озновци од Прилеп и од Битола; иследуваа, сослушуваа, држеа конференции и кога не им појде од рака да посочат кој го убил Пената, прогласија дека реакција во Потковицата има исфрлено комити во шумата, дека тие, комитите, дење си седат дома и работат по полето, а ноќе бегаат во гората и убиваат, па ја вооружија младежта и почнаа да ја пребаруваат шумата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ќе ти влезе во свеста ќе ти се пикне под кожа ќе забега во зоната на интимата и оп, еден ден ќе му појде од рака да го состави она што ти си го скршила да го препише она што ти си го избришала да го ископа она што ти си го потиснала длабоко во тебе, со луд ум на лавина да го открие она што си го забранила за јавна употреба;  ќе ги размрсува и повторно ќе ги замрсува знаците-јазли на твојот личен и на македонскиот синдром ќе си поигрува со преобразбите од дамнини до иднини од лично до колективно ќе ги претвора софистицираните искази и поетските евокации во егзистенцијални слики за да ја долови речито сочноста на твоите исконски мори на твоите детски занеси на твоите судбински застранувања;  можеби ќе те надмине со помош на вродената смисла да глуми да ја игра улогата на другиот да се губи во другиот небаре голтнат од ништото.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)