појде (гл.) - надвор (прил.)

Ете зошто денес, единствениот начин на вклучување во европската мисла лежи во ревизијата на марксистичкото искуство, дури и по цена да станете површен плагијатор на европската интелектуална мода или да појдете надвор од секој дискурс - т.е. да се претворите во куче.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Мора да стане, мора да појде надвор не само заради себе си, туку за дечињава... да не одат насекаде околу! и мислата ја претвора во лесен скок и ја исфрла надвор во денот.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Го запали и малото газјениче, кое многу ретко, во исклучителни случаи се палеше, зашто инаку и немаше потреба, ја стави крај огништето и сета расположлива борина, која служеше за потпалување, а и за осветлување кога по темница требаше да се појде надвор, до стреата или до плевната.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)