прави (гл.) - еден (зам.)

Својствата на музиката му се спротивставува на календарското време и начин на живеење; сѐ подредува на себеси; од еден и еден прави еден човек; не ја злоупотребува искреноста; ја ублажува сличноста меѓу несреќата и страста; ја збогатува крвната слика на емоциите; луѓето ги дели по слухот; процес е кој трае без оглед на злосторствата исчезнувањата, паѓањата во неа емигрираат немуштиот јазик и душите потребни ѝ се помошни средства луѓе и тишина; се нуди во најразлични изведби; предизвикува природни феномени затемнување на сонцето на љубовта, рамноденица труење со хармонија музиката е без предрасуди не озборува, не осудува избезумува те заведува, те заведува и кога си во нејзини раце те остава сам, со себе.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
и уште од далеку мириса на ракија, барем сега можете да кажете чии шпиони сте, вели, не оставајте ѝ товар на душата дури ќе го барате патот кон небото, кога ќе ја качувате кон господа душата, вели, на правина нѐ земате на душа, велиме ние едно задруго, прескакулица ни одат зборовите, ние сме сиромашни луѓе, печалбари, ебати небото и ебати господот, сичките сте од Македонија, сите, викаме, сичките, по зборот сте оттаму, вели, и моите родители се оттаму, ама вие немате пашапорти, верувајте ни, господине, ние сме селани и не знаеме да лажеме, јас ви верувам, ама другите не веруваат, вели офицерот, моли господине, велиме ние, прави еден голем манастир, тој ја фатил главата и со дланката ја потпира под брадата, се мисли, се двоуми, па потоа се враќа назад, ние чекаме, си шепотиме молби и молитви до господа, белки има господ, вели Стеван Докуз,
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тука, токму на влезот на Потковицата, неочекувано се раширува; во должина и ширини од неколку стотини метра прави еден секогаш полноводен, наместа и по неколку метра длабок и со риба богат вир.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)