прави (гл.) - јас (зам.)

Ги слушаше Пискулиев овие жаловити зборови, ја подисправаше некако својата мршава, извиена снага, со клапнати рамена, како да сакаше со тоа да ѝ ја поткрепи верата во себе на таа сиротна жена, и најпосле одговори како што го учеше неговата смирена и блага душа: „Не бери гајле, тетко Спасие, ти само учи го да гледа што правам јас, јас сум ги минал тие патишта”.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
А јас? Што ќе правам јас сам? Си мислела ли ти за тоа кога си правела така?
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Јас ќе смрзнам ако не си ти крај мене. Ти, ти си мојот живот, мое се...“
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Што би правела јас без тебе!
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
И обвинуваше. Што правам јас?, - ќе се прекореше и истиот час ќе го прободеше нејзиниот загрижен шепот „вечера ли?“ Не ѝ одговараше.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Има нешто посебно во тоа кога човек долго време бил отсутен од местото каде што пораснал, особено ако многу ретко го посетувал како што тоа го правев јас.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
- Одговарав на широко, како да нему му беше толку важно тоа што правам јас.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Што да правам јас со моето инжињерство таму?...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Што да правам јас? Да го мразам или да му завидувам?
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
„Што да правам јас, Кети, ако пак ја видам Домаќин.?“
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
- Ех, Игбал, што би правела јас без тебе – се разнежив и го прегрнав.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Ајде, кажи што е, кажи на што мислиш! – ме распрашуваше. – Или сакаш да погаѓам?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
АНТИЦА: Што да ви правам јас?
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
САВЕТКА: Аман, мори ќерко, што да правам јас сирота?
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Затоа ви дадов пример, да правите и вие така како што правев јас...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Зелниците што ги правев јас, друга жена во селото не ги правеше.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Што правам јас, си рече.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
„Не го правам јас“, рекла Босилка, „Кубре го прави“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
НЕДА: Што би правела јас на светов - без тебе? (Ги провира своите прсти низ неговата коса.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
- Што ќе правам јас со него, велам, мене ништо не ми кажува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)