прави (гл.) - план (имн.)

Токо, дај, вади некој залаг лебец, ако донесе, да каснеме, та да го правиме планот за ноќеска.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Размислував и во главата си правев план, додека мирно седев со скупчени нозе на каучот и го гледав како се пакува.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Знаејќи дека во овој град никогаш нема да се пронајдам, правев планови како заедно со моите родители да се преселиме во Скопје.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Всушност, кога играте шах, тоа е како да правите план за нешто или како да градите некој тип на механизам со помош на кој добивате или губите.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Почнав да правам планови да одиме во САД за дипломирањето на Гаврил.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Имам педесет години, ниту млад за да можам, како што беше рекол некој, да правам планови за изградба на големи градби, ниту стар за да се предадам на рамнодушноста.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Зедов лист хартија и почнав да ги правам плановите.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Користејќи го навлегувањето на крстоносците, Хрс правел планови за проширување на својата територија.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
И, во слава на својата сѐ поблиска смрт, Лири ентузијастично прави планови како своите последни часови да ги изрежира во еден психоделичен сјај.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Друже Србине, Корнулов и Папокот прават планови како да се привлечат нови луѓе на местото од оние што заминаа оти земјата бара работна рака и од нивните разговори што во фрагменти, во откасоци стигнуваа до неа ѝ се ежеше кожата.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Седел и си правел план.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Мешинот се наполнил, го истегнал горе и со сета сила го истурил на главата на џинот.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
И почна Димче Волшебникот да прави планови: прво, - едно утро ќе им го згорчи млекото на сите деца во градот.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)