прави (гл.) - ќеф (имн.)

САВЕТКА: (замислена). Само Антица уште ни крцка, не ѝ се прави ќефот.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Ни в црква повеќе не одам.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Потоа ме префрлаа од рака на рака Маџи, студент по архитектура, трговците со привремен престој Жури и Цембла (со нив често имав и групка, сакаа ражен, им го правев ќефот, ме превртуваа сменувајќи си ги повремено местата за да ме гледаат еднаш во очите, еднаш во газот; зборот ражен лесно го изговараа, но им беше ужасно смешен), ме имаше и фудбалерот Хами, потоа Жизи, Сали и други.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
ТЕОДОС: Ме покапале в црква со свеќа... Си прават ќеф... Гледај, Параскево, влакненце...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
„Ете ти две среќи" — си рече сам со умот, — „ем ќе правам ќефот на валијата; ем ќе лапнам некоја и друга лиричка", та го удри Јована по рамо — дури филџанот со кафето му го истури на масата. .
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)