прави (гл.) - силен (прид.)

Уште од времето на паѓањето на Самуиловото царство Македонците не еднаш правеа силни востанија против Византија, многу посилни од Бугарското во времето на браќата Асановци, но не можеа да се ослободат, зашто кај нив се други географските услови, а кај Бугарите други.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Прави силен, гласен и долготраен фидбек, непријатен какофоничен звук. Го исклучува засилувачот. Пауза.)
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Среќа е сѐ она што те прави жив те прави она што си, те воздигнува до небото, те прави силен и самоуверен.
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)