прави (гл.) - што (прил.)

Уживам во својата слобода. Да правам што ќе ми текне.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Ја оставам да прави што ќе прави и еве сум на вратата од големата свечена сала на Парламентот чие душеме го украсуваат мозаици, ѕидовите огледала и слики од нашите стари мајстори, а тука се и двете колонади мермерни каријатиди.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Китките од шарената узда му паѓаа над очи и мошне го нервираа, но знаеше што носи на себе, та не се осмелуваше да прави што сака Свиленото сеџаде светеше врз седлото, а златните пулејќи на уздата ласкаа на есенското сонце.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Ти си крива, ти велам јас, ти за сè крива!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Само продолжи така; кај Надежда на кафе; со другарка ми Славица одам да прошетам низ населба; со другарка ми Софија бев во „Багдад кафе“; ќе појдам до кај сестра ми... а децата нека прават што сакаат, секое на своја страна.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Неговите некако се помирија со опсесијата на својот син единец, па го оставија да прави што сака.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Ако некому тоа не му се допаѓа, нека прави што знае ...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Прави што ќе правиш, вака повеќе не се живее“.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)