прави (гл.) - дека (сврз.)

Зборот „проматари“ не ми се допаѓа, но се правам дека не го слушам зашто масите го имаат тој грд обичај за високото општество и посебно за луѓето што се на власт да се изразуваат погрдно.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Ама и жена ми ја нема. Гледам само онаму отаде некоја жена, една умрена пријателка на свеска ми, си ги соголува нозете и се прави дека не ме гледа.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Кога се правевме дека таа се загледала низ прозорецот надвор, а јас преку главите на патиниците на задниот крај на автобусот додека јас ѝ го подместував и таа му се подместуваше со помошта на движењата што ни ги овозможуваше клацкањето и нерамномерното одење и подзастанување на автобусот.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Ме чуја никаквеците, го чуја мојот хуманитарен глас во прилог на слободата на изразувањето, но се правеа дека не ме чуја, дека јас наводно својот глас сум го кренал откако тие си ги навлекоа црните надгробни плочи. Тоа не е вистина.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Таа воочлива декорираност на иерархот, Германците се правеа дека не ја забележуваат, меѓутоа чувствувајќи ја свеченоста на мигот што со тоа митрополитот им ја сугерираше и тие останаа да стојат пред посетителите.  „Да Ваша еминенцијо, таа листа ни е неопходна”, ја подаде раката СС командирот Беренц.  „Добро, но најнапред ќе ви го покажам писмото што го напишав до една значајна личност”, рече владиката и од под расото извади лист хартија.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Се правев дека тоа не го забележувам, иако знаев дека претставата се изведува заради нас.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
И ти имаш уши да чуеш, и знаеш поарно од мене, туку се правиш дека не слушаш, ти се живее, не ти се умира, таму е работата!
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Сите ги следи иста среќа, ама едни само се прават дека не е така.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Отпосле им притежнуваат торбите полни со љубов и среќа, отпосле, бришејќи си ги измрсените муцки, разбираат дека нема такви на кои, кога тогаш, не им се парчосала барем една од кристалните чаши со која наздравиле првпат.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Обајцата се правеле дека не знаат колку се ранети од носталгија и обајцата умреле во Њујорк.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Првиот, Игор Стравински, со години пред да се случи големата опсада, а вториот, Јосиф Бродски, многу години откако како одвај прооден ја преживеа големата опсада на Ленинград.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Се разбира, се правам дека не го забележувам тоа а потајум ги пребројувам сите пенали, корнери, аути, сите фаули и испуштени стопроцентни шанси.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Но јас се правев дека ништо не забележувам - се мачев да ја спечалам нивната благонаклоност.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Тој зборуваше со Тито, и за Рози не беше ништо необично да зборуваш со мачка или со куче и да се правиш дека тие те разбираат, но Милан очевидно го сметаше Тито за многу поинтелигентен отколку што мачките можат да ја поседуваат таа моќ.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Ќе се правам дека спијам кога носиш дома девојки, ќе лаам, ама нема да касам и ќе кажувам за мочање.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
црвената: пламливи, избувливи луѓе: што на ум, што в срце - тоа на уста, за една болвосерка - туриваат каца со мед; им пререче ли нешто, им се пикна во зборот, не ги поддржа, не им одобри - повеќе за тебе не држат, те замразуваат; додека имаат мака на алтан-терезија те држат, кога ќе им помине маката, за старо тенеќе те даваат; само тие како да постојат во селото; соседите ги тераат да ги врзуваат кокошките, а тие кучињата свои ги пуштаат кај што сакаат; кога ќе се впипрат во лицето - запелтечуваат; ако ти е фрлена шега, подбив, мунѕа - од нив е; се зафатија ли со нешто, наумија ли нешто - или ќе го сторат или раката ќе си ја отсечат; жолтата: колебливи во очи, во држење, во однесување; многу сакаат да слушаат, да чујат сè, а ни трошка нешто од себе да речат; во расправиите бегаат, не сакаат тука да се најдат; дома глас не им се слуша, како да не се живи; за мала работа трчаат кај соседите за совет; кога ќе им влезеш в куќи, не ги фаќа паника, ниту брзаат да те почестат; ако дедо им бил говедар, козар, питроп, полјак - таткото и синот и внукот се тоа; по гробиштата кога сите лелекаат и плачат, тие ги гаснат свеќите да не се трошат до крај; секогаш одат со навалени глави загледани во земјата како да бараат нешто што изгубиле или пак што загубил друг; кафеавата: рано легнуваат, рано стануваат; тешки во одењето, тешки во зборот; само за себе живеат; што било, како било - во нив останува; дома со седење те пречекуваат: ќе те измерат: кој си, што си, па ќе станат; за многу работи се прават дека не чуле; она што е нивно не го даваат на друг да се послужи; устата им испушта мед, а срцето пелин; кога ќе им дојде невеста во куќата, или ќе ја претопат - табиетот да им го земе, или клоцата ќе ѝ ја удрат; имотни се, но со прсти стегнати, кајафлии не се расфрлуваат и не арчат многу: дури и кога дечињата наутро ги празнат мешињата, ги празнат во дворот - да имаат што и кокошките да колвнат; избегнуваат кај што не им е по ќеф или кај што шерепере се зборува; жените со плетиво одат в поле, в планина, в црква, на молзење, в град по купување; кога даваат совет, не ти кажуваат сѐ докрај - нешто и за себе задржуваат; ако те засакаат - виделе нешто во тебе што им се допаѓа; кога ќе им се случи нешто лошо во куќата, одмерено плачат; кога се болни, не ѝ веруваат на болеста; со неа шетаат, со неа работат, со неа по веселби одат; ја носат, а гледаат кому да му ја прилепат; розовата (шеќерлијата): чаламџии, фодули, самобендисани, а купи ден - помини; на оро први; те сакаат додека имаат мака; јајце да варат, надвор го варат - да ги гледаат сите; од надвор куќата чиста, паќна, што се вели: азна, а внатре празна; што да се случи во селото - први разбираат; во разговор ќе те префрлуваат од рид на рид, ќе ти тргаат фурки - в очи ќе те лажат; не држат многу до зборот: речи - одречи; ти даде ли нешто, сите знаат; новата кошула ја облекуваат врз старата: кој да види да завиди; први се за гости, за јадење, за пиење, а кога ќе им дојдеш дома - им поминал светецот!
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
ФЕЗЛИЕВ: (Се прави дека не го чул Ивана.)
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Кога некој ти зборува, а особено кога ти чита од книга со дебели корици, пристојно е барем да се правиш дека слушаш.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Ама ја прескокнувам мислата, се правам дека не ја забележувам.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Ме погледнува и таа, ама се прави дека не ме гледа.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ноќта беше темна и тешка и можев единствено да го почувствувам допирот на прстите на Ема на моите слепоочници како мек допир на погледот откосо останат од деновите кога се правев дека тоа не го гледам, дека тоа не го чувствувам.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Се правеше дека не нѐ познава.„ Го кубеше крајот на уларот и беше замислен. „Но сепак нешто станува.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
„Кога се зборува за ‘одбрани малцинства’, вообичаената злоба ја претумбува смислата на тој израз и се прави дека не знае дека човекот на елитата не е само вообразено суштество што верува дека е над другите, туку битие коешто од себе бара повеќе од другите, дури и кога не му тргнува од рака да ги оствари себеси поставените повисоки цели...
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Мајка ѝ се правеше дека не го забележува тоа...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
На Бошка не му остануваше ништо друго освен да се прави дека не слуша.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
А Семјон се прави дека не слуша!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„Мислиш вистински дека навредив некого?“, ме прашува таа и ме гледа како малите деца кога ќе го сторат она лошто а се прават дека ништо не се случило.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Се покажа дека Ролан Јаковлевич навистина имал повеќе повремени но и постојани врски а си имал и своја вистинска љубов, и тоа таму, во истиот оној куплерај во кој татко ти седеше пред скалите и се правеше дека ништо не видел и ништо не чул.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Насмевката ѝ вели: „Што беше тоа? На кого се жалиш? Зошто?“
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Сметам оти она, кога татко ти место да ја сослуша Родна замина да ги лади лубениците, требаше да биде за мене првиот сигнал дека овде работите не се докрај чисти.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Е, а тоа претпладне, кога дотрча кај мене Рајна за да се пофали со својата среќа, убаво го ислушав сè она што ми го изнаприкажа, дури и двапати плеснав со рацете; се правев дека сум многу изненадена; а и зошто некому да му брцаме со прст во радоста; и, се разбира, и понудив стол да седне: „Господи“, реков, „Рајно, ние ломотиме а стоиме, поубаво се густира разговорот додека се седи“, реков, и речиси ја поттурнав за да седне на столот.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Во училиштето каде што порано учела некои од децата ѝ се подсмевале, правеле шега со неа и таа тоа низ солзи го преживувала и одболедувала. се правела дека не слуша, но пак насамо леела солзи.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Ане и Дора се правеа дека не му обрнуваат внимание.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Се правам дека ништо не сум видела.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Иљо ја пикна тетратката во ранецот, ја турна капата над очи и се прави дека дреме.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Се прибра и правејќи дека не го тревожи многу неговото идење, го погледна под око: - Јас ли? Мече. А ти ?
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
- Се разбира, - одговорив решително, ама не бев сосем сигурен дека ќе бидам толку храбар колку што се правев дека сум.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Се правев дека не знам ништо во врска со тоа.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)