праша (гл.) - баба (имн.)

— Значи Јован барал Шаќира, а не Шаќир да заколит Јована? е, е, е!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Арно ама „што не покрил господ — човек не може да покрие" велат старите, та кога мудриот кадија ја праша бабата Цвета: — Кој дојде прв кај тебе, бабо? — оваа ја кажа вистината и одговори.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- Зошто не јадеш? - ме праша баба ми. - Не мисли на дедо ти, животот е пред вас.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Каде ви стојат чашите за млеко? - праша баба ми. - Таму, горе, - ѝ покажав. - Нема ниедна, - рече таа.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)