праша (гл.) - брат (имн.)

Уште еднаш беше готов да го праша брата си дали е вистина дека девојката беше тука, но тогаш помислата за тортата, тој дел му стана поверодостоен, особено гровтачкиот одговор на Френк дека и тој сака торта без прелив.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
- Што правиш? – ме праша брат ми. - Ништо.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Еве, тебе те чекам – ми текна да го излажам во моментот, оти се сетив на неговата идеја за велосипедот и оти ми рече дека ќе ме земе со него да му го покажам местото во паркот.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Да не беше тоа прва наша средба и да го имав запознато Игбал така како што сега го познавам, сигурно ќе го замолев да ми објасни подетално што се тоа западњаци и источни цивилизации, ама таа ноќ, тогаш, не сакав да помисли дека сум незнајко, па решив утредента да го прашам брат ми.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Каде беше толку долго? – ме праша брат ми, несвикнат да ме гледа да се враќам сама од шумата. - Во Гоа! – му одговорив кусо.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Не се ни обиде да ме потпрашува.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Се чудеше зошто не го праша брата си Тодор да ја пречека и подземи?
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
А поголемијот брат, коа излегол од дома, ошол на лоф, кај шчо си оел секојпат.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- „Ти мажа ми го жалиш и нејкиш да ручаш без него; а тој?!
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Ошол дома на ноќеф, преспал ноќта и утредента, коа се разбудил, го прашал брат му: „Како помина, брате, ноќеска? Дали спа лесно?“
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
„Родителството?,“ праша брат ми.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Бајката за птицата која си ги распорила градите и си го откорнала срцето откако нејзината љубена птица одлетала и веќе не се вратила.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Еве,“ рече брат ми, „скршнуваме зад овој агол и излегуваме на плоштадот.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Тогаш што би била среќата?,“ праша брат ми. „Не знам,“ рече Сара.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Која бајка?,“ праша брат ми.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Мислам дека среќата е едно од оние нешта за кои не постои дефиниција.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Те боли ногата?,“ праша брат ми. „Малку,“ реков. „Коленото.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Сара климна со главата, а тој продолжи: „Јас родителството не го гледам како достигнување на среќа, туку како дел од размножувањето, а размножувањето – како дел од процесот на еволуција и природна селекција.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Го нема! Побегнал! – И козите ги нема? – извикав плачно. – И козите... и козите... сите кози... – Кај можел да избега со толку кози? – се охрабри да праша братот партиец. – И ние се прашуваме.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Да го отворам ли прозорот?, праша брат ми кога ми дојде на гости.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Така зборува затоа што е љубоморен.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Сакаш неколку миленичиња? Пази си ја косата. Тие би можеле да ти влезат во косата.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тој вели дека тоа се стаорци, но јас сум ги видела одблиску. За ова не е во право. Margina #32-33 [1996] | okno.mk 193
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)