праша (гл.) - око (имн.)

Гита го испрашува гледајќи го во празните, сиви зеници, без и да отвори уста, го прашуваат очите на неговите сопствени деца, очите на луѓето што едвај ги среќава низ испразнетите гета, погледите на оние 43 илјади луѓе што заминаа со писокот и чадот на локомотивите и што ги нема веќе, а тој, ете, ги гледа секаде наоколу.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Му го читам изненадувањето, оти јас не бев на потег, а сака тоа, колку само сака да ми го рече, ама не дозволувам: ја вртам клепсидрата со видлива енергичност што значи потег и протест и најсетне и простотија и простор во кој има смисла да продолжи играта, граматиката на чутуранга во која бројот на играчите е ограничен на четворица, но се гледа тој е веќе триплициран и нужно е однапред да се договори редот, правилата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Се враќам поразен: ме прашуваат очите на дечињата како ми е во душата, како ми е во срцето и воопшто ме прашуваат очите како ми е!
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Европа што ослободува и Европа што цинично уништува.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)