праша (гл.) - по (предл.)

„Што има ново во Маказар“, го прашав по некое време, за да го свртам разговорот од маката што сака да ми ја натовари.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Во бараката на штабот, подигната во сенката на високи црници беше тихо, толку тихо да не се слушаше ни мува да брчне. – Значи, вие сакате да станете бригадири? ги прашаше по втор пат командантот, гледајќи ги се’ така потсмешливо или пак така им се чинеше. – А зошто не сте се пријавиле во бригадата од вашиот град?
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Ами нешчо друго да направиме, ќе ме послушаш ли ти мене? — го праша по третпат и остро го погледна кон повреденото место.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- Ќе разберам. Ќе прашам по куќите, - рече Билјана, па го поведе малечкото да ја бараат мајка му.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Ќе прашам по куќите, - рече Билјана, па го поведе малечкото да ја бараат мајка му.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)