праша (гл.) - колку (прил.)

- Колку дена ќе добијам, велам, заборавив да прашам колку дена ќе добијам, ако...
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ерик стоеше пред една фотографија. Му пристапив и го прашав колку долго стои тука.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Стариот трговец му рече: „Добро. Ќе ти покажам. Појди до бакалницата и прашај колку е брашното.“
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Погледна низ прозорецот и воздивна: „Сега, повикај го брат ти!“, а кога заедно се појавија, му се обрати на вториот син: „Појди во бакалницата и прашај колку е брашното“.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)