праша (гл.) - уште (прил.)

ГО - Еден ден М. Горки го видел Гогољ како игра шах со Ван Гог. „Знам една слична кинеска игра, ГО“, рекол Горки. „Се однесуваш ко горила, Горки!“, рекол Ван Гог. Тогаш случајно поминал и Гоја. „Си почнал да се гоиш, Гоја? Да не играш многу голф?!“, рекол зајадливиот Гогољ. „Ништо не е тоа во однос на Де Гол кој оди ’ор гол по мостот Голден Гејт!“, рекол Гоја. „Која година е ова?!“, прашал уште еден случаен минувач, филмскиот режисер Годар. „Ти годи да поставуваш вакви прашања?!“, му рекол зајадливиот Гогољ на Годар. „Ова е ко некоја готска приказна...“, промрморел во себе навредениот Горки. 42 Margina #19-20 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Го праша уште со време Илка за оваа работа, a Тој ѝ одговори: — Прави.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Не требаше ич да ја примам, има мустаќи поголеми од моите! А да те прашам уште нешто.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Среќко: Значи и на готвачката ќе морам да ѝ дадам отказ.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Сакаше да прашува уште и за учењето и за Елена, ама му се стори дека Денко одговара некако без волја, па само одмавна со раката, си промрморе под носот „Да видиш и да не веруваш“, - па замавна со копачот во земјата пред себе.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Ги прашаа уште колку време ќе проведат овде, а тие му одговорија дека зависи од тоа колку бргу ќе ги проучат терените...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Сакам само да те прашам уште нешто, Луцијо: зошто твојата Партија и ти сакавте да ме кастрирате?
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)